Адитивите пронајдени во сапуните, шампоните, пастите за заби и многу други производи кои ги користиме секојдневно, можат да се поврзат со појавата на разни алергии, создавањето кожни инфекции, а дури можат да доведат и до појава на рак. Прочитајте се за нив, па самите донесете заклучок.

Сунѓер за капење

Сунѓерите се совршено место за бактериите и габите. Секако, тоа не значи сите сунѓери за капење да ги фрлите веднаш од дома, но затоа е потребно да ги менувате секоја недела. Исто така, по секое капење, сунѓерот треба добро да го исперете и исцедите и да го оставите на студено и темно место.

Освежувач на воздух

Освежувачот на воздух во зимо го спасува животот, но ако не се чисти често, во него почнуваат да се таложат нечистотии. Се препорачува секој трет ден да се чисти со сунѓер и четка.

Стапчиња за чистење уши

Восокот во ушите постои со причина – да ја заштити нежната структура на внатрешното уво. Восокот е здрав, но ако се наталожи премногу може да предизвика болки и воспаление. Токму тоа го правите кога ги чистите ушите со стапчиња.

Антибактериски сапуни

Истражувањата покажаа дека овие сапуни се неефикасни. Едноставно мијте ги рацете со обичен сапун и вода. И, тоа е тоа.

Стол

Сите знаеме колку е опасно постојаното седење. На тој начин се зголемува ризикот од срцеви заболувања, дебелеење и смртност. Дури и ако вежбате редовно, тоа не го намалува значењето од потојаното седење. Станувајте секојпат кога можете. Лесната прошетка на секој час го намалува ризикот од смртност за 23%.

Блендер

Секако дека го миете блендерот по секоја уотреба, но веројатно заборавате на едно нешто: подвижната гума на аголот на садот, која го држи затворен. Истражувањата од 2013 година покажале дека таа е третиот предмет со најмногу бактерии во кујната и дека може да содржи салмонела, ешерихија коли и габи. Внимавајте секој пат по употребата да го измиете добро и тој дел.

Прибор за средување на ноктите

Приборот кој го користиме за средување на ноктите може да крие многу ,,валкани тајни,,. Ако не го исчистите добро, бактериите можат многу брзо да се размножат на нив, а тоа може да доведе до кожни инфекции.

Затоа, по секоја употреба, целиот прибор измијте го со сапун и топла вода и добро исушете го. Никогаш немојте да го позајмувате приборот.

Кадифени играчки

Било да ги чувате своите или играќките од вашите деца, знајте дека тие се вистински магнети за прашина и бактерии, поради што доаѓа до развој на внатрешни алергии, кивање, затнат нос и црвени, солзни очи. Една до две играчки нека се наоѓаат до креветчето на вашето дете, а другите наредете ги на полица. Менувајте ги секоја седмица или ставете ги во пластични вреќи и ставете ги преку ноќ во замрзнувач за да ги убиете сите бактерии.

Паста за белење на забите

Сите се потпираме на овие пасти за свеж здив, чисти и бели заби, но нивното долготрајно користење може да ја зголеми чувствителноста на забите. Најдобар начин е да одите на годишно отстранување на забниот камен кај стоматолог.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина