Дали сексот е исто како и вежбањето?
Бројни студии се обидуваат да дадат одговор на прашањето дали сексот е ист како и вежбањето, а доказите одат во полза на тоа дека сексот всушност е вежбање. Но, предиграта не се смета како вежбање, бидејќи се има покажано дека за време на предиграта мажите трошат во просек четити калории на минута, а жените три калории за истото време. Ако се зема предвид дека предиграта кај повеќето парови трае околу пет минути, тоа би значело дека со предиграта се губат само околу 20 калории. Освен што сексот е добра физичка активност, тој има и други добри поволности врз организмот. Телото, на пример, за време на секс испушта ендорфин, хормон одговорен за добро расположение, редукција на стресот и зголемување на самодовербата.
– Сексот не би требало да го замени редовното вежбање. Би било најдобро кога паровите двете активности би ги вклопиле во секојдневната рутина, со оглед на тоа што во комбинација и тоа како го подoбрува квалитетот на животот – изјавил Ентони Д. Карелис, водечки автор на студијата од 2013 година за “Men’s Journal”.