Децата до четвртата година од животот минуваат повеќе време на море и почесто голтаат од солената вода од возрасните, што ги изложува на потенцијална зараза. Но, дури и релативно чистата морска вода во плитко најверојатно содржи бројни микроби кои ја зголемуваат опасноста од развој на цревни инфекции и стомачни болки, инфекции на увото и дијареја, посебно кај малите деца и оние кои имаат ослабнат имунитет, покажале резултатите од повеќе од 40 спроведени студии.

Научниците ги разгледувале податоците за зачестеноста на споменатите болести кај капачите и оние кои за тоа време престојувале на плажа. Утврдиле дека меѓу пливачите имало 86% кои се добиле со некаква инфекција.

 

– Беа спроведени бројни истражувања чија цел беше да се изнајде поврзаноста помеѓу капењето во море и разни симптоми на болести, најчесто заразни, рекла главната авторка на студијата, Ен Леонард од Европскиот центар за зачувување на околината и човековото здравје, која делува при медицинскиот факултет Ексетер во британскиот Трур. Доктор Леонард вели дека најчесто се работело за гастроинтестинални тегоби како повраќање и проливи. Со колегите таа ги анализирала постоечките податоци собрани во последните 60 години во развиените западни замји со висок личен доход, како што се САД, Велика Британија и Австралија. Таа вели дека е врежано мислењето дека опасноста од зараза на плажите во овие земји е минимална, поради стандардите за одржување на морето чисто во овие подрачја и дека поради високиот животен стандард во овие земји се почитуваат правилата, за разлика од оние земји со понизок личен доход.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина