Исхраната е една од поважните фактори кои влијаат на можноста да забремените – и на добар и на лош начин. Битен е и фактот дека таа влијае и врз здравјето на вашето бебе. Кога ќе се спомене нутриционистичкиот аспект за оплодувањето, многу парови на почетокот веднаш се повлекуваат, бидејќи им е многу комплицирано да ги сменат навиките. Други, пак, немилосрдно ја исфрлаат секоја намирница во чија нездравост постои сомнеж или не јадат ништо што нема органско потекло. Таквиот став може да предизвика уште повеќе стрес, кој воопшто не е пожелен кога треба да бидете максимално опуштени додека зачнувате бебе. Ова посебно се однесува на оние парови кои се подложени на терапија за лекување од стерилитет.
На овој начин ќе имате повеќекратна корист – ќе го подобрите здравјето на репродуктивните органи, ќе го сведете стресот на најмало можно ниво и ќе му ги обезбедите на организмот сите потребни нутритиенти. А пред да преминете на нов режим на исхрана, неопходно е да спроведете прво четиридневна детоксикација. Правилната исхрана за време на процесот на асистирана репродукција го поддржува организмот во неговите репродуктивни напори. На тој начин се внесуваат намирници кои обезбедуваат антиоксиданси, витамини и минерали, кои помагаат да се заштити спермата од оштетувањата предизвикани од слободните радикали. Исто така, се поддржува и хормонскиот баланс, кој е неопходен за продукција на хормоните и нивната функција, и се намалува можноста за побацување.

Основни правила за исхраната:

Храна треба да се внесува во 4 до 6 мали оброци на ден
– Подобра е варена, отколку печена или студена храна
– Да се внесуваат многу течности
– Обидете се да се храните со здрава храна, без пестициди и хебрициди
– Рибата треба да се јаде свежа, исто како и пилешкото месо и другите видови меса
– Користете житарки од цело зрно и интегрален ориз
– Одбегнувајте кафе (максимално по една шолја на ден)
– Нема алкохол и пушење
– Неколкупати во денот подолги прошетки и рекреирање
– Доволно сон
И состојбата на потхранетост има исто така влијание врз зачнувањето. Потхранетоста (ниската телесна маса во однос на препорачаната), исто како и дебелината, имаат големо влијание не само врз зачнувањето, туку и на самиот тек на бременоста (можна е појава на хипертензија, инфекции на уринарниот тракт, ретардација на детето, раѓање дете со мала или исклучително голема телесна маса и др.).

plodnost1

Кои намирници можат да ви помогнат за подобро зачнување

Авокадо – ова овошје содржи многу незаситени масти, кои можат да ја зголемат плодноста. Имено, едно истражување покажало дека жените чија исхрана била богата со овие масти, а кои биле вклучени во програмата за вонтелесно оплодување, имале тројно повеќе успех во обидите да забременат.
Семе од сончоглед – Препуштете му се на уживањето во овие грицки барем три пати неделно. Богати со цинк, семето на сончогледот помагаат во одржување на рамнотежата на репродуктивните хормони и влијаат позитивно врз квалитетот на јајце клетките.
Цимет – овој ароматичен зачин има способност да го намали инсулинот и да ги зголеми шансите за зачнување во плодните денови.
Јајца – подгответе поширани или меко варени јајца. Жолчката која не е тврда содржи повеќе витамини Д и Б6, кои се заслужни за зголемено лачење на прогестеронот, хормонот кој игра важна улога во зачнувањето.
Хељда – семето од хељда е богато со материи кои кај жените го снижуваат нивото на инсулин и тестостерон, а со самото тоа ја зголемуваат можноста за зачнување за време на овулација.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина