Болките во зглобовите и мускулите, според статистиката, се една од најчестите причини за одење на доктор. На нивното настанување влијае наследниот фактор, прекумерната тежина, истегнувањето на тетивите и лигаментите, исцрпеноста, бактериските и вирусните воспаленија, но и хормонските и метаболичките нарушувања. Едно од заболувањата кое ги предизвикува овие проблеми е и ревматскиот артритис. Тоа е хронична болест која најпрво ги напаѓа зглобовите, предизвикувајќи отоци, болки и утринска здрвеност. Не постои лек за спречување на оваа болест, но затоа постојат многу природни средства и медикаменти кои многу ги ублажуваат тегобите. Важно е да се знае дека при болки во зглобовите и мускулите не се препорачува секогаш антиревматик или сличен лек, па затоа немојте да ги земате на своја рака.

Еден од овие природни лекови против болки во зглобовите и мускулите е темјанот, кој се добива од семејството Boswellia. Ова дрво расте во Индија и создава смола која е богата со есенцијални масла и терпеноиди, кои поседуваат лековити својства.

Покрај обредна употреба, темјанот се користи во Египет и Индија уште пред 3000 години, како состојка која се додавала во козметичките производи, мирис за разни ритуали, како премаз за материјали, но и како лековито средство. Поради скапоцените својства кои ги содржи во себе, Boswellia serrata се користела кај болки во коските, зглобовите и мускулите, но и при кожни заболувања, бронхитис, болки во грлото и уште многу други болести.

Босвелиската киселина, најважната состојка во темјанот, има силно антивоспалително дејство и ефикасно ја ублажуваат болка предизвикана од артритис, но за разлика од конвенционалните лекови не доведува до несакни ефекти. Освен тоа, темјанот ја подобрува циркулацијата и протокот на крвта низ жилите оштетени со воспалението, што дополнително им помага на артритичните зглобови.

Кај природните препарати трпението е клучен фактор. Потребно е болните места секојдневно да се третираат, се додека организмот не ја апсорбира доволната количина лековити состојки од кремите, мелемите и балзамите. Тогаш физиолошките процеси започнуваат нормално да се одвиваат, без никакви пречки.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина