Освен тврдењата дека мажите кои имале повеќе од 20 партнерки имаат помал ризик од заболување на простатата, еве уште неколку причини зошто сексот е одличен за здравјето.

Превенција против настинки

Најдобар начин да се заштитите од настинки е да имате секс најмалку 2 пати неделно, според истражувањата од Универзитетот Вилкис во Пенсилванија. Редовниот секс го подигнува нивото на имуноглобулин во крвта за 20 отсто. Антителата ги уништуваат бактериите и штитат од настинка и грип. А, исто така, ова е поубаво од примање на вакцина.

Го намалува стресот

Учесниците во истражувањето кои ноќта пред истражувањето воделе љубов, подобро реагирале на стресни ситуации. Тоа е заради тоа што допирањето, бакнувањето и милувањето го намалуваат нивото на хормонот на стрес кортизол.

Средство против болки

Оргазмот може да ја преполови чувствителноста на организмот на болка, вклучувајќи и болка во грбот, мигрена и артритисот. За време на сексот се лачи ендорфин, кој делува смирувачки на болката.

Го спречува срцевиот и мозочниот удар

Мажите кои водат љубов најмалку два пати неделно имаат 45 отсто помали шанси да добијат некое срцево заболување, затоа што редивниот секс го намалува крвниот притисок, а со самото тоа и ризикот од срцев или мозочен удар.

Ги согорува калориите

Терминот хоризонтален џогинг би можел да се применува за сексот, со оглед на тоа што претставува одличен начин за согорување на калориите. Сексот кој трае 24 минути прави мажите да согорат 104, а жените 67 калории.

Го спречува ракот на градите

Активниот љубовен живот служи и како превенција од тумор на градите, кај двата пола. Мажите кои имале помалку од шест оргазми месечно имале значително поголеми шанси да заболат.

Ги зајакнува коските

Сексот помага и во спречување на оштетувањето на коските кое се појавува кај жените со текот на годините.

Ја олеснува ендометриозата

Сексот за време на менструација помага во борбата против ендометриозата, состојба која влијае на плодноста, велат истражувачите од Универзитетот Јејл.

Позитивно влијае на самодовербата

Сексот прави да се чувствувате добро и позитивно влијае на самодовербата. Исто така, нежниот љубовен однос, за време на кој жените кај жените се излачува естроген, резултира со поубава, понежна и посјајна кожа, што исто така влијае на самодовербата.

Ги зајакнува гениталните органи

Сексуалната активност ја подобрува циркулацијата низ гениталните органи и на мажите и на жените. Исто така, вагиналните мускули кај жените во текот на односот се растегнуваат и собираат, а со самото тоа и се зајакнуваат, со тоа се намалува ризикот од инконтиненција подоцна во животот.

Го намалува ризикот од рак на простатата

Како што покажале одредени истражувања, со редовни сексуални односи може да се спречи ракот на простатата. Мажите кои во своите дваесетти години имаат односи минимум пет пати неделно го намалуваат ризикот од појава на рак на простатата за една третина. Исто така, ова важи и за повозрасните мажи.

Го регулира менструалниот циклус

Истражувањата покажале дека жените кои имаат сексуални односи барем еднаш неделно имаат поредовен менструален циклус. Освен тоа, се покажало и дека редовниот секс ги олеснува менструалните тегоби, бидејќи стегањето на матката за време на оргазам ја намалува напнатоста на мускулите.

Гарантира добар сон

Научниците тврдат дека добриот секс пред спиење гарантира добар сон, поточно за тоа е заслужен хормонот оксидоцин, кој се ослободува за време на оргазмот, па веднаш после тоа се чувствува поспаност. Меѓутоа, лошиот секс и сексот на сила, без оргазми, ги зголемува траумите и предизвикува несоница.

Тагови: љубовсекс