Мрзеливоста и вревата штетни по здравјето
Помалата телесна активност во текот на денот е поврзана со поголем ризик за добивање дијабетес и болести на срцето, дури и кај оние кои редовно вежбаат. Воочената поврзаност била присутна и кај двата пола, без разлика на возраста и телесната маса, објавиле научниците од Колеџот по медицина Алберт Ајнштајн, од Њујорк, САД.
Во нивното истражување биле користени податоци собирани во текот на три години, од околу 12.000 испитаници.
Најмалку телесно активните учесници во истражувањето имале 6% помала концентрација на т.н. добар (ХДЛ) холестерол во крвта и за 16% поголема концентрација на триглицериди, масти поврзани со болестите на срцето. Кај ние е забележана и просечно значително поголема концентрација на шеќер во крвта и поизразена резистентност на инсулин, пишува стручното списание Circulation.
ВРЕВАТА ДЕЛУВА НЕГАТИВНО НА ПЛОДНОСТА НА МАЖИТЕ
Оние мажи кои навечер биле изложени на врева посилна од 55 децибели имале просечно за 14% поголем ризик за дијагноза на неплодност
Истражувањето спроведено од страна на јужноамеиканските научници сугерира дека изложеноста на врева во текот на сонот има негативно влијание на плодноста на мажите.
Научниците од Универзитетот во Сеул веруваат дека изложеноста на врева во текот на сонот може да има хроничен стрес врз организмот. Ова е поврдено и во стручното списание Environmental Pollution. Во нивната студија биле користени податоци за околу 206.000 испитаници на возраст од 20 до 59 години. Изложеноста на врева била пресметана врз основа на адресата на живеење на учесниците во ова истражување. Според податоците собирани 8 години, оние мажи кои навечер биле изложени на врева посилна од 55 децибели имале просечно за 14% поголем ризик за дијагноза на неплодност. Се работи за врева која, на пример, ја произведува еден клима уред.
Пораните истражувања спроведени врз жени ја поврзуале изложеноста на врева со ризикот за предвремено породување и за спонтан абортус.


