Почитувани,

Јас сум Весна Андрејченко (28) од Скопје, и во моето слободно време извесен

период се занимавав со фитнес и бодибилдинг (два месеца) во студиото

Атлетикс во сопственост на Стефан Ангеловски, кој што ми беше и личен

тренер.

Тренинзите ги започнав поради тоа што сакав да ги намалам вишокот

килограми, но научив повеќе за фитнес и бодибилдинг отколку што очекував.

На самиот почеток мислев дека нема да постигнам тоа што се бара од мене, но

сепак успевав, секој пат се подобро, бидејќи  бидејќи имав безрезервна

подршка од Стефан. Тој беше тука за мене, кога со последни сили ги правев

вежбите и постојано ме бодреше, ме научи да не се откажувам, и тоа ми

даваше сила.

Но мускулите не се прават во теретана, туку во кујна  тоа што ме научи

Стефан. Ми даваше совети за правилна исхрана, и водеше грижа за тоа како

се исхранувам во текот на денот, што треба и кога да се јаде, а што не, што и

ми ги смени некои навики, кои сеуште ги применувам, и за кои што многу сум

му благодарна.