Мисофонија, која значи ,,омраза кон звуци,, е состојба која е од неодамна откриена. Луѓето кои патат од неа реагираат на звуците со стрес, лутина, иритираност или, во екстремни случаи, дури и со насилство.

Не станува збор за помала иритација: оние кои боелдуваат од мисофонија наведуваат дека чувството е исто како некој да ве удрил во стомак или како да ве искасал рој пчели. Но, ако сето ова е во ублажена мера, тогаш не сте пациент.

На Мередит Росол, 25-годишна учителка, и била дијагносицирана мисофонија пред две години, откако со години била чувствителна на звуци. Таа со децении не можела да јаде со родителите на иста маса, барем не ако претходно не ставела затки во ушите. Притоа имала непријатно чувство, мускулите и биле напнати, била на работ со нервите, срцето и чукало забрзано и чувствувала силна потреба да побегне.

Група психијатри од Холандија, во 2013 година изнесле неколку дијагностички критеритуми и навеле дека мисофонијата може да се класифицира како психичко нарушување.

Една студија на Универзитетот Нортвестерн наведува дека оние кои се пречувствителни на звуци се обично покреативни. Оваа болест обично започнува околу 13 – 14-годишна возраст, кога се јавуваат и други психички нарушувања. Се јавува во семејства, па најверојанто се работи за генетиката. Тоа е состојба во која се прави врска помеѓу неутралниот звук и непријатните емоции. Арјан Шродер, од Академскиот медицински центар во Амстердам, додава дека се работи за условен процес и дека ако сме во проблематична состојба, и ако тоа се повторува, а вие почнувате да одбегнувате такви ситуации, состојбата се влошува.
НХС советува дека ако сте нетолерантни на звуци, да посетите доктор. Стручњацие ќе ви ги прегледаат ушите, носот и грлото и ќе направат тестови, кои ќе покажат кое ниво на звуците предизвикува стрес. Заедничкиот третман се состои од терапии, техники на опуштање и советување.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина