Постпородилната депресија е чест проблем кај многу новопечени мајки. Честа појава е, а за неа не се зборува многу. Некои истражувања покажале дека од оваа депресија пати една од три жени, и тоа во првите пет години по породувањето. Исто така, кај повеќето жени оваа депресија не е акутна, односно постојана, туку повремена, односно доаѓа до појава на епизоди на депресија. Депресијата започнува некое време по породувањето, а може да потрае и со години по раѓањето на детето. Со тек на време, кај многу жени овој проблем станува многу сериозен. Новото истражување покажало дека постои лек за постпородилната депресија, а која не вклучува фармацевтски лекови. Истражувањето било спроведено врз повеќе од 1.500 новопечени мајки во Австралија. Истражувачите преку него ја откриле врската помеѓу симптомите на депресијата кај мајките во првите шест месеци од породувањето и земањето време за себе. Тоа покажало дека најмали шанси за депресија имаат мајките кои барем еднаш или повеќе пати на ден си зеле време за себе. Од друга страна, оние мајки кои немале никакво време за себе (или имале многу ретко) имале и за три пати повеќе шанси да развијат постпородилна депресија, која само се зголемувала со тек на времето. Но, само да се каже дека мајките, посебно новопечените, би требале да си земат малку време за себе, е многу полесно да се каже одошто да се направи. Од една страна имаме мајки кои немаат каде да ги остават децата на чување, а од друга страна, што е почест случај, мајките потешко се одделуваат од своите деца.

Како да се земе време за себе?

Да се земе време за себе не значи дека треба да отидете на wellness викенд за да се одморите и опуштите. За жените кои биле вклучени во ова истражување времето за себе често значело и одење на фризер, долга бања во удобноста на својот дом, гледање телевизија, па дури и одење на шопинг. Можеби шопингот и не е некое опуштање, но барем нема да мора да купувате држејќи го детето во раце. Без разлика на тоа како ќе одлучите да го искористите времето за себе, важно е да го искористите. Всушност, времето за породилното отсуство можете да го искористите и за професионален развој, односно за развој на кариерата. Освен што времето кое нема да го поминете на работното место ќе ви овозможи барем малку да се одморите од стресот, ќе ви овозможи и доволно време за да размислите дали сте навистина на патот на кариерата на кој сакате да бидете. Многу биснизменки, за чии животни и професионални стории сте имале можност да читате, токму за време на породилното отсуство започнале сопствен бизнис.

На крај, немојте да се плашите да побарате помош од своите блиски – сопругот, родителите, браќата или сестрите. Па, дури и од пријателите. Никој не може се сам да постигне и не мора да се срамите да признаете дека ви е потребна помош и дека ви треба малку време за себе.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина