Спиењето на лева страна е од исклучителна важност, бидејќи единствено тоа овозможува правилно функционирање на органите за варење, подобрување на целиот дигесивен систем и делува позитивно на циркулацијата и кардиоваскуларното здравје.

 

Црниот дроб се наоѓа на десната страна и лачи жолчка во насока од десно кон лево, додека почетниот дел од дебелото црево се наоѓа исто така на десната страна.. Содржината се движи во насока од десно кон лево, односно во насока на стрелките од часовникот. Во оваа положба дигестивниот систем му овозможува на телото да ги искористи хранливите материи и да ги излачува токсините побрзо и поефикасно. Положбата на лева страна му овозможува на срцето подобро да ја пумпа крвта ,,узгорно,,, додека крвта поефикасно циркулира назад во срцето.

 

Функциите на слезината се подобрени, што доведува до олеснета лимфна дренажа, поради позитивното делување на силите на Земјината тежа.

 

Обидувајте се да се навикнувате колку што можете повеќе да спиете на лева страна, бидејќи така ќе одбегнете многу здравствени проблеми и ќе го подобрите квалитетот на животот. Секако, покрај спиењето на лева страна, исклучително важни се и водата и растителните влакна, кои најмногу ги има во изртените житарки, кои се основна компонента.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина