Кога мора да се посети дерматолог?
Често имаме проблеми со кожата, но не му придаваме големо значење на тоа, туку оставаме само од себе да помине. Некогаш треба да се обратиме на дерматолог, бидејќи проблемите со кожата може да кријат многу посериозни проблеми. Ова се петте причини поради кои треба да се обратиме кај него.
Долготраен осип
Ако на кој било дел од кожата имате осип кој ве чеша и кој трае подолго од седум дена, задолжително мора да појдете на дерматолог.
Црвени исушени печати
Црвените печати кои се појавуваат на лицето и вратот може да бидат поврзани со стрес или до одредена алергиска реакција. Без разлика која е причината, дерматолог мора да се посети, посебно доколку печатите се шират.
Пречувствителна кожа
Ако имате проблем да најдете вистински производ за нега на кожата, тогаш посетете дерматолог, кој ќе ви го препише вистинскиот производ.
Кожата ви е полна со мозолки
Ско отсекогаш имате имате чиста кожа, а одеднаѓ забележите дека таа има премногу мозолки, одете на дерматолог. Акните како нарушување на работата на лојните жлезди не се само естетски, туку и здравствен проблем.
Губите големи количини коса
Необјаснивото, ненадејното и забележливото опаѓање на косата може да биде загрижувачко. Ако не сте под стрес или не сте промениле ништо во својата рутина за нега на косата, а таа сепак ви паѓа, немојте да чекате да се влоши состојбата. Ако се сомневате дека нешто не е во ред, посетете дерматолог, кој ќе ви го прегледа скалпот и ќе утврди во што е проблемот.