Ни стигна есента, темна, студена и дождлива, а сето тоа неретко влијае на нашето здравје. За да можеме подобро да се носиме со нерасположението и депресијата, треба да се свртиме кон овие растенија.

 

Алое вера

 

Позната како “растение на бесмртноста” меѓу Египќаните, ова растение традиционално се чувало покрај вратата, за да го чува домот од злите духови и да внесе позитивна енергија. Од научна гледна точка, тоа го прочистува воздухот од канцерогени материи и емитира кислород навечер, помагајќи на тој начин подобро да спиеме и да бидеме помалку вознемирени наутро. Исто така, откриено е дека го подобрува помнењето и ја намалува депресијата.

 

 

Spatifilum или мирен лилјан

 

Со своите впечатливи, скулптурални бели цветови, ова растение, освен што е прекрасен украс, има смирувачко дејство. Познато е по ефикасното отстранување на спорите од мувла во воздухот и неутрализирање на отровни гасови, како што се јаглеродмоноксидот и формалдехидот. Во суштина, спатифилумите се органски прочистувачи на воздухот, кои можат домот да ни го направат попријатно место за живеење.

 

Лаванда

 

Ова растение со илјадници години е користено за смирување на нервите, ублажување главоболки, спречување несоница и како помош при депресија. Нејзиниот мирис се уште има главна улога во ароматерапевтските терапии, а истражувањето од 2009 година открило дека мирисот на лавандата има опипливо дејство во намалување на пулсот во стресни ситуации.

 

Босилок

 

Освен убавите свилени листови и примамливата миризба, ова омилено свежо растение исто така содржи безброј органски материи наречени линалол, кое обично се користи во ароматерапијата. Тим јапонски научници има спроведено лабораторски истражување врз стаорци и открило дека изложеноста на линалол ги намалува зголемениот стрес и вознемиреноста.

 

Бршлен

 

Оваа романтична лозница е исклучително ефикасен прочистувач на воздухот. Научниците на НАСА го нарекле бршенот едно од најдобрите растенија во светот за филтрирање на воздухот. Исклучително е ефикасен во остранувањето смог или секундарен дим во затворен простор. Дополнителен плус е фактот што ова растение е исклучително лесно за оддржување, бидејќи не бара многу вода ниту светлина за растење.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина