Најверојатно сега жените, поради еднаквоста на половите, се одлучиле да ги ,,средат,, малку своите интимни делови. Имено се работи за нов тренд на подмладување на вагината, со вбризгување хијалуронска киселина во срамните усни. Значи, не се работи за вбризгување на хијалурон во вагината поради постигнување подобар оргазам, туку за исклучиво средување на срамните усни поради нивен подобар физички изглед.

Американското здружение на естетски хирурзи објаснува дека процедурата претставува вбризгување на хијалуронска киселина во големите срамни усни. Доктор Валден од ова здружение вели дека овој тренд е се популарен благодарение на тоа што се повеќе жени негуваат ,,бразилка,, на интимната зона, но благодарение и на фотографиите на ,,совршени,, млади жени кои ги гледаат во списанијата.

– Покрај популарноста на оваа процедура, се поголем е бројот на оние кои ги средуваат своите срамни усни по хируршки пат, но и кои ја стеснуваат вагината. Жените ја депилираат интимната зона или ги отстрануваат срамните влакна со помош на ласер, па така интимната зона е повидлива и за нив и за нивните партнери вели доктор Валден.

Таа додава дека овој зафат би им го препорачала само на оние жени кај кои се опуштиле срамните усни поради породување или менопауза. Освен тоа, таа додава дека воглавно нема опасности од оваа процедура, иако признава сепак дека постои опасност од создавање на хематоми. Исто така, постојат клиентки кои вбризгуваат сопствено сало, третман кој во последно време се користи за зголемување на задникот.

Но, гинекологот доктор Наолми Крауч вели дека оваа процедура носи и ризик од крварења и инфекции, а можна последица е и намалена чувствителност на гениталиите. Доктор Крауч ги советува жените да не ја ,,средуваат,, интимната зона со естетски зафати и потсетува дека ,,вагини има во разни облици и големини, но сите се убави и не морате ништо да вбризгувате во нив, освен ако не постои здравствена причина за тоа.,,

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина