Мобилните телефони создаваат брчки
Штом ќе се разбудиме, посегнуваме по телефонот. Во текот на денот тоа го правиме којзнае по колку пати, а во него погледнуваме и пред да си легнеме. Оваа наша „врска“ никој и ништо не може да го наруши, па дури ни тврдењето дека мобилниот може да влијае лошо на убавината. Секако, нема да се откажеме од мобилниот, но погледнете како може да се неутрализираат последиците од оваа „дигитална љубов“.
“Интернет-врат”
Без разлика дали често испраќате или примате мејлови, безбројните спуштања на погледот на екранот од смарт телефонот, со тек на време може да предизвика прерана појава на брчки на вратот и опуштање на кожата во овој дел. За да го одбегнете тоа, потрудете се да го држите телефонот повеќе во висина на очите, а на вратот втривајте лосион со пептиди, кои ќе го стимулираат производството на колагенот и ќе го спречат или одложат создавањето на брчките.
“Смарт брчки”
Ако имате обичај да го користите телефонот во темница, тогаш најверојатно побрзо од вашата генерација ќе почнете да забележите брчки. Многумина користат телефон без осветлување во просторија – на пример во кревет. Како последица од тоа, со тек на време почнуваат да се формираат брчки, бидејќи очните мускули – за да го компензираат недотигот на светлина – така се напрегаат дополнително. Ефектот е ист како да сте отишле на плажа без очила за сонце. Крема на база на ретинол, како и хијалуронската киселина, го ублажува изгледот на ситните брчки, додека инјекциите со неуромоделатор можат да го решат проблемот со оние подлабиоките. Најважна превенција за новите брчки е – да не читате во темнина!
“Акни од мобилен телефон”
Акните кои настануваат поради честите разговори на мобилен се многу непријатна појава, a нивната причина делумно е од бактериска природа. Екраните на телефоните, посебно од поновите генерации, обично брзо се замастуваат, a бактериите се лепат за маснотиите. Затоа е најдобро да ја користите спикер функцијата или слушалките, барем во повеќето ситуации, и редовно да го чистите телефонот со антибактериско средтсво. Исто така, секојдневно чистете го лицето со препарат на база на салицилна киселина или, барем повремено, направете пилинг со четка за оваа намена.