Листовите од зелена салата ќе и го вратат сјајот на уморната кожа, а кивите ќе ја направат поеластична. Маските од свежи намирници се прават брзо и многу лесно, а се особено пријатни за време на летото , бидејќи ја освежуваат вашата кожа.

За да бидат ефективни , најважно е маските да содржат состојки кои му одговараат на вашиот тип кожа и да бидат направени по добар рецепт .

Киви против брчки

Ако сакате да имате еластична кожа и да ги ублажите брчките, маската од киви е најдобар избор . Високата содржина на витамин Ц ја стимулира регенерацијата на кожата , па затоа се препорачува оваа маска по 25-тата година да ја употребувате барем еднаш месечно. Излупете киви, испасирајте со вилушка, исцедете го вишокот вода и додадете лажичка мед. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да дејствува 20 минути.

Грозјето ја омекнува кожата

Пилингот од грозје е одличен третман за грубата кожа без сјај. Излупете ги зрната од грозјето , ставете ги во сад и изгмечете ги со вилушка. Процедете ја добиената смеса со помош на газа, а потоа со кружни движења нанесете го на лицето она што е преостанато на газата. На овој начин од површината на кожата ќе ги отстраните мртвите клетки, а вашиот тен ќе го биде мек и мазен.

Банана против умор

Ако работите во загушлива просторија , пушач сте и сте хронично ненаспани, барем еднаш неделно нанесете ја на лицето маската од банани, кои се богати со калиум , минерал кој и дава свеж изглед на кожата. Истовремено ќе го решите и проблемот со подуеното лице и потечените очни капаци. Испасирајте ја бананата со вилушка и добиеното пире нанесете го на лицето. Оставете ја маската да дејствува петнаесетина минути, а потоа отстранете ја со помош на памук и млака вода.

Ако во маската од банани додадете сок од еден лимон, ќе добиете одличен препарат за подмладување на кожата .

Лимон го отстранува вишокот на маснотии

Ако вашата кожа сјае, имате проширени пори, мозолчиња и митесери, направете ја маската од лимон кој има антисептичко дејство. Покрај тоа, лимонот е богат со витамин Ц, кој ги намалува брчките и ја стимулира регенерацијата на кожата.

Потопете ја кората од еден лимон во чаша вода, а потоа измиксирајте ја заедно со водата за да добиете каша која ќе ја употребувате наместо тоник. Нанесете на кожата, оставете да делува неколку минути, а потоа отстранете ја со памук .

Зелена салата за влажност

Секојдневниот стрес негативно влијае на кожата, па затоа обезбедете и ја потребната влага со помош на маска од зелена салата, која содржи многу вода .

Ставете ги листовите од свежа марула во врела вода, исцедете ги и оставете ги да се изладат. Ставете на лицето 2-3 слоја од листовите и оставете ги да дејствуваат 20 минути.

Јајца за мини- лифтинг

Ако ви е потребна маска за затегнување на кожата, најдобро решение е маска од јајца . Содржат албумин, супстанца богата со аминокиселини кои го затегнуваат површинскиот слој на кожата.

За да ги ублажите ситните брчки, да ги затворите порите и да го затегнете лицето, изматете две белки со една лажичка шеќер. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да дејствува петнаесет минути, а потоа отстранете ја со помош на влажен туфер.

Бршлен за чувствителна кожа

Бршленот има стимулирачки ефект и ги штити крвните садови, поради што е совршен за чувствителна кожа со испукани капилари. Сварете 20 грама листови од бршлен во четвртина литар вода, изладете и процедете. Додадете лажица мед и неколку капки бадемово масло. Добиената маска нанесете ја на лицето и исплакнете по 15 минути.