Ова е можеби прв пат кога жената нема контрола над ситуацијата и тоа знае многу да обесхрабри. Сепак, постојат некои работи кои можете да ги направите или не за да ги зголемите вашите шанси да забремените.

1. Направете гинеколошки прегледи

Пред официјално да се фрлите на ,,правење,, бебе, појдете кај гинеколог. Посоветувајте се со него во врска со пренаталните витамини кои содржат фолна киселина, а кои ќе го намалат ризикот од оштетување на коскената срж. Земајте витамини за време на бременоста. Доколку имате било какви здравствени проблеми, требате прво да ги излекувате или да ги држите под контрола, за да можете да имате нормална бременост.

2. Запознајте го својот месечен циклус

Клучна работа е сексуалната едукација. Жените треба во потполност да го разбираат сопствениот месечен циклус и однесувањето на сопствениот организам, со цел да можат полесно да забременат. Овулацијата е најдобриот период за забременување. Свеста за симптомите на овулацијата, кои вклучуваат промени во слузта во цервиксот (исцедокот е воденест и слузав), може многу да ви помогне. Други знаци за овулација вклучуваат лесни болки во пределот на стомакот. Тогаш е време да се фрлите на секс. Предвидувањето на овулацијата исто така може да биде полезно за да се претпостави најдоброто време за зачнување.

3. Не грижете се околу најдобрата поза за зачнување

Ќе наидете на еден куп митови во врска со тоа која е најдобрата поза во сексот за оплесно забременување. Но, тие се само митови. Не постои научен доказ кој тврди дека мисионерската поза е подобра од онаа кога е жената одозгора за време на правењето дете. Многу ретко, грлото на матката кај жената е во необична положба, па одредени пози не можат да направат значителна разлика. Одредени пози кои и пркосат на гравитацијата, како што се седењето и стоењето, можат да ги обесхрабрат сперматозоидите да се искачат нагоре за време на половиот однос. Тука се работи за гравитацијата, па ако сакате да забремените, сигурно не сакате целото семе да ви излезе пред сперматозоидите да ја завршат својата работа. Сепак, водењето љубов во мисионерска поза, кога мажот е на жената, најдобро може да им овозможи на сперматозоидите да навлезат во вагината.

4. Лежете по половиот однос

Можеби веќе имате слушнато дека треба да лежите во креветот со нозете подигнати во воздух веднаш по половиот однос, со цел да ги зголемите можностите за забременување. Ова тврдење воопшто не е точно. Добар совет е да лежите 10 – 15 минути по односот, но не морате да ги кревате нозете. Вашата карлица, каде се одвива зачнувањето, не се поместува ако ги подигнете нозете.

5. Немојте да претерувате со сексуалните односи

Константното водење љубов, дури и за време на овулацијата, нема да ви ги зголеми шансите за зачнување. Премногу секс може да биде одлична идеја, но спермата на мажот ,,се разредува,, со пречесто ејакулирање. Водењето љубов секој втор ден за време кога овулирате ќе ги зголеми шансите за забременување. Сперматозоидите можат да преживејат во вагината и 72 часа по ејакулацијата. Зборувајќи од агол на сперматозоидите, носењето тесна обека влијае негативно врз нив, исто како и поминувањето многу време во џакузи или када. Исто е и со носењето мобилен телефон, кој може да влијае на ефикасноста на сперматозоидите.

6. Ослободете се од стресот како што знаете и умеете

Стресот секако може да ја исфрли од колосек овулацијата. Исто така, тој може да доведе и до сексуална дисфункција кај мажите и дополнително да ги депимира. Затоа мора да користите секакви средства кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.

7. Водете здрав живот

Вежбањето е одлична работа, но кога се обидувате да забремените може да биде и премногу добро, бидејќи претераните вежби можат да доведат до тоа да не овулирате. Иако ова е индивидуално кај секоја жена, сепак секојдневното вежбање во траење од 45 до 50 минути може да предизвика бројни проблеми кај повеќето жени.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина