Според верувањата на древните таоистички (индиски) мудреци, клучот на здравјето, среќата и духовниот раст е во освестувањето, управувањето и трансформацијата на таа енергија. Оргазмот е енергетско ритмичко пулсирање кое кај просечниот човек трае 8-10 секунди. Најмногу се чувствува во гениталниот дел, но може да се доживее и во целото тело, посебно ако ги совладаме основите за движење на енергијата за време на сексот. Тоа е најсилното лично искуство и ниедно друго искуство не е толку силно и концентрирано. Не се работи само за чувство на задоволство, туку сите наши сетила се засилени, престануваат сите ментални флуктуации и живееме во сегашниот момент. При водењето љубов, енергијата всушност непрекинато се разменува помеѓу партнерите. Бидејќи мажите и жените се отелотворение на спротивните полови, машкиот полов орган е позитивно набиен (јанг), а женскиот негативно (јин), односно женскиот срцев центар е јанг, а машкиот е јинг. Додека се во непосредна близина, помеѓу нивните спротивни енергетски полови се создава силно магнетно поле, што резултира со екстатичко сексуално искуство.

Висок и низок оргазам

Кај т.н. ,,низок,, оргазам се активираат само некои органи и жлезди, а сензациите се најсилни во гениталниот дел и затоа овој оргазам уште се нарекува и генитален или надворешен. За време и по нискиот оргазам доаѓа до губење на сексуалната енергија и сета енергија која сте ја разбудиле за време на сексот излегува од телото преку гениталиите. Наспроти нискиот оргазам постои и ,,повисок,, оргазам, кој е можно да се постигне во тек на свесно, култивирано водење на љубов. При овој оргазам се активираат сите внатрешни органи и жлезди и сензациите се чувствуваат низ целото тело. Не се губи енергијата и самото искуство е многу појако отколку кај нискиот оргазам. Ова е целосен оргазам, кој го води парот на повисоко ниво на задоволство, ја зголемува сексуалната енергија и развива подлабока поврзаност помеѓу партнерите. Со него се постигнува здравје и подмладување, бидејќи сексуалната енергија има неверојатна способност за регенерација и исцелување. И, додека ,,нискиот оргазам може да трае само неколку секунди, ,,високиот,, може да трае многу подолго и да се повторува во еден сексуален однос неколкупати.

Машки и женски оргазам

Со оглед на тоа што мажите се повеќе јанг, а жените јин, различен е и начинот на кој се буди нивната сексуална енергија, се движи и го достигнува врвот. Машкиот оргазам е налик на стрмен планински венец, додека женскиот е налик на долина со мали ричиња. Тие исто така на различен начин и ја губат сексуалната енергија. Онаа кај жената е налик на вода, полека се буди и загрева, долго останува топла и бавно се лади. Кај мажот, сексуалната енергија е како оган, многу брзо се пали, силно гори и потоа се гаси. Кај жената започнува од устата, потоа се спушта долу кон градите и на крај оди во вагината. Кај мажот е обратно, започнува од половиот орган, оди кон горе и излегува надвор. Поради сето ова, на мажот му се потребни во просек четири минути за да доживее оргазам, а додека на жената и требаат дванаесет минути, што е за трипати повеќе. Од ова јасно може да заклучи зошто двајцата партнери многу ретко доживуваат заеднички оргазам и зошто многу жени остануваат разочарани и исфрустрирани по сексуален однос.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина