Во овој период од годината многу личности имаат потреба од длабинска детоксикација. Доколку постојано кивате, патите од несоница, имате изненадувачка желба за слатки производи и постојано сте уморни, веројатно и вие сте еден од потенцијалните кандидати за детоксикација.

Доста ви е од хроничен умор, слабокрвност, надуеност, проблеми со циркулацијата? Испробајте ги овие три едноставни рецепти кои го помагаат прочистувањето на крвта и ве ослободуваат од  наведените тегоби.

Важно е да користите органски намирници и да внимавате истите да бидат од органско потекло. Најдобро, секако, би било да бидат од вашата градина. Но, доколку немате можност сами да одгледувате свои овошје и зеленчук, а органските ви се премногу скапи, тогаш бирајте производи од проверени пазари и супермаркети.

 

1. Свеж сок од цвекло, сладок компир и моркови

sok_1

Потребни состојки: 1 цвекло, 1 сладок компир, 10 моркови

Начин на подготовка:Во блендер ставете ги и измешајте ги сите состојки. Ставете го цвеклото, сварениот сладок компир, а потоа и морковите. Овој напиток ефикасно ја чисти крвта и црниот дроб од токсини. Цвеклото помага да се зголеми нивото на железо во крвта. Морковите се богати со витамин А и имаат диуретички својства, кои помагаат за елиминирање на токсините и вишокот на течности од телото. Сокот можете да го испиете како појадок или во текот на денот.

 

2. Свеж сок од јаболко, цвекло, морков, целер и спанаќ

sok_2

Потребни состојки: 1 јаболко, 1 цвекло, 8 моркови, 2 стапчиња целер, 3 чаши спанаќ

Начин на подготовка:Измешајте ги сите потребни состојки во блендерот и испијте го овој пијалок пред појадокот.

Овој моќен мултивитамински напиток го чисти организмот, богат е со железо, влакна и минерали, а позитивно влијае и врз дигестивниот систем.

 

3. Тинктура од лук и црвено вино

tinktura_3

Потребни состојки: 12 чешниња лук, половина литар црвено вино (по можност домашно)

Начин на подготовка:Исчистете го лукот, исечкајте го на четвртинки и ставете го во тегла. Додадете половина литар црвено вино и цврсто затворете го садот. Чувајте го на сончево место околу две недели. Секој ден, по неколку пати во текот на денот, протресете ја теглата, за состојките добро да се измешаат. По две недели, процедете ја содржината од теглата и ставете ја  во стаклено шише.

Земајте по една лажичка од оваа тинктура три пати на ден, во период од еден месец. Овој лековит напиток ја прочистува крвта, отстранувајќи го вишокот масти и сол од организмот и го забрзува метаболизмот. Ова е моќен пијалок за прочистување и зајакнување на крвта, па применувајте го во период од шест месеци помеѓу два третмани.