На нашите простори ракијата се користи како лек за многу тегоби и болести

 

За кратко време ракијата може да ни помогне кај одредени здравствени тегоби. Таа е секако подобра опција од лековите, бидејќи е природен лек. Ако ве измачува некоја од наведениве тегоби, една чашка ракија може да помогне.

 

 

Болка во желудникот

 

Ако сте се прејале масна храна, па сега ве измачува болка во желудникот, мала чашка сливова ракија, лозова или виљамовка веднаш ќе го смири.

 

 

Забоболка

 

Голтка ракија држете десеттина секунди на болниот заб, прожабуркајте и потоа плукнете. Повторете ја оваа псотапка неколку пати со паузи, за ракијата да не го надразни премногу болното место.

 

 

Воспаление на грлото

 

Ако е воспалението предизвикано од бактериска инфекција, ракија со неколку капки прополис успешно ќе го дезинфицира грлото, а може да помогне и растителен чај со неколку капки ракија во него.

 

 

Болка во грбот

 

Втријте малку ракија на болниот и вкочанет грб, па повторете ја пак постапката по неколку часа.Комовицата е одлична за оваа цел, но може да користите и друга ракија.

 

 

Вкочанет врат

 

Постапката овде е иста како и кај вкочанетиот грб.

 

 

Ревматски болки

 

Кај болните од артритис, масажата со ракија ја ублажува болката во зглобовите.

 

Отоци

 

Ракијата ја лади кожата, па делува поволно при отоци, а се што треба да направите е да ја масирате во кожата или да ставите облози од ракија. За да не ја надразните премногу кожата, по неколку секудни тргнете ја облогата, па пак вратете ја и така наизменично.

 

 

Лоша циркулација

 

Ракијата ја подобрува циркулацијата, па затоа не чуди што некои ја пијат на гладно наутро.

 

Уролошки проблеми

 

Ракијата со магдонос е добар сојузник во борбата против бактериските инфекции и инфекциите на урнарниот тракт.

 

Мачнини за време на возење

 

Ова не им се препорачува за малолетниците, како и на оние кои управуваат со возило.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина