Никотинот од цигарите создава зависност исто како онаа од дрогата, бидејќи во мозокот на пушачот се случуваат хемиски промени слични на оние кои во мозокот на заморчињата го предизвикуваат кокаинот, хероинот и другите видови дрога. Ова го тврдат научниците од американскиот Институт за борба против зависноста, на основа на на истражувањето на мозокот на луѓето, кои додека биле живи своите органи ги подариле во научно – истражувачки цели.

Секоја клетка на мозокот е машина која произведува пептиди, a кои можат да се наречат рецептори. Тие ја овозможуваат комуникацијата меѓу клетките и ја оддржуваат чувствителноста на мозокот на дроги. Истото се случува и со рецепторите на мозокот на пушачите – објаснил членот на истражувачкиот тим, доктор Рој Вајз, загрижен поради долготрајноста на промените кои ги носи никотинот. Со истражувањето биле опфатени пушачи кои се откажале од цигарите долги години пред смртта, но нивниот мозок не закрепнал од последиците од делувањето на никотинот. Овие наоди покажуваат дека зависноста од пушењето поради никотинот предизвикува структурни промени во мозокот, кои траат повеќе години, дури и тогаш кога ќе се прекине со пушењето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина