Кога минералите од вулканската пепел реагираат со елементите на солената вода, се формира супстанција под името “montmorillonite”. Оваа супстанција е позната уште и под името содиум бентонит. Од тука потекнува името содиум бентонитска глина. Со текот на времето, луѓето ги сфатиле здравствените и козметичките благодети од оваа глина од вулкански пепел. Првиот доказ за терапевтската употреба на оваа глина е пронајден уште во времето на Месопотамија 2500 години п.н.е. Племиња од Африка, северно американските Индијанци и духовниот водач Махатма Ганди ја користеле оваа глина за разни цели. Дури и Клеопатра ја користела како составен дел од својот дневен третман. Денес, бентонитската глина се користи во најелитните спа центри ширум светот. Оваа глина ја ревитализира кожата на лицето и телото, има способност да ги извлекува токсините и нечистотиите од кожата, со што се решаваат проблемите како што се црвенилото, целулитот, стриите, оштетувања од сонцето, акни и митисери. Оваа глина делува на принципот на спротивно наелектризирање од токсините во кожата. Таа содри честички кои се негативно наелектризирани, а токсините се позитивно наелектризирани. Затоа таа има ,,сила,, да ги извлече истите од кожата.

Каде се се применува оваа глина?

Глината која се користи надворешно има антибиотско и антисептично дејство. За време на извлекување на отровите од кожата, благодарение на своите електромагнетни способности, бентонитската глина ги апсорбира токсините и ги намалува отоците и воспаленијата. Може да се користи кај акни и заболувања на кожата, убоди од пчели, изгореници, болки, отоци, тумори и проширени вени. Со неа може да се лекуваат чиреви и гнојни рани, а помага и во изградбата на здрави ткива и клетки, дури и кај скршени коски. Корисна е за неутрализирање на киселините и токсините од разни отровни печурки.

При внатрешна употреба на глината, прво таа се меша со вода за да се добие компактен гел – смеса слична на сенф. Оваа смеса се нанесува директно на кожа при убоди од инсекти, модринки, чиреви и т.н. Доколку сакате ефект на затегнување на кожата, како оној при чистење на акни, оставете је на себе да се исуши во целост и потоа отстранете ја. Доколку, пак, сакате повеќе разладувачки и смирувачки ефект, како при третирањето на модринките, покријте ја смесата на кожата со пластична фолија или мокра крпа за да не се исуши. Потоа измијте ја со вода, правејќи нежни движења. Еднаш употребена, глината веднаш се фрла и не се користи повеќе, бидејќи веќе е полна со токсини.

За чистење на кожата

Гликолните киселини разредени на pH 3, 4 се имаат покажано како добри за зачувување и подмладување на епидермот. Дневната употреба на овој производ ја негува и влажни кожата. Помешана со бентонитска глина е ефикасна во борбата со целулитот.

За тонирање на телото

За затегнување на кожата во сите цивилизации најмногу се користела глина. Со своите тонизирачки својства таа ги отстранува токсините од површината на кожата, а со својот органофилен состав ја забрзува циркулацијата така што привремено се обединува со кожата.

Глината е хидрофилна, па затоа со испарувањето предизвикува собирање т.т. Затегнување на кожата.

Глината во зашита на кожата и исхраната

Од глините кои се користат восекојдневната исхрана на човекот, мотморилонтот најчесто се среќава во природата. Поради необичните својства на оваа глина, истражувањата потврдиле дека таа е најпозната по својата примена во човековото тело.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина