Мотор диета
Заговорниците на овој режим на исхрана тврдат дека е можно да се ослабне три до четири килограми за една недела и дека ова губење на килограмите нема да влијае врз вашето ниво на енергија. Туку, напротив, тоа ќе биде уште поголемо.
Принципот на диетата е во тоа што прво, 28 дена постепено се отфрлаат од исхраната одделни намирници. Во првата недела треба да се откажете од млекото и млечните производи, втората недела е резервирана за исфрлање на сите намирници од животинско потекло, вклучувајќи ги рибата и јајцата. Третата недела се исфрла растителното масло, додека во четвртата недела треба само да се придржувате до програмата. Кога ќе помине овој циклус од четири недели, исхраната понатаму се состои од овошје, зеленчук, житарки од цело зрно, јаткасти плодови и семе, кои се земаат во количини по желба, односно нема калориски рестрикции. Диетата дозволува и јадење на тофу, сеитан и јогурт од соја, но шеќерот треба да се замени со природни засладувачи. Вежбањето е главен дел од ,,мотор,, диетата, па авторот препорачува 20 до 40 минути аеробни активности (како на пр. печашење, пливање или тенис), три пати неделно.
Откако ќе помине циклусот од четири недели, исхраната се состои од јадење овошје, зеленчук, житарки од цело зрно, јаткасто овошје и семиња кои се земаат во количина која ја сакате, односно нема калориски рестрикции. Диетата дозволува и јадење на тофу, сеитан и јогурт од соја, но шеќерите треба да се заменат со природни засладувачи. Вежбањето е важен дел од ,,мотор, диетата, па авторот препорачува 20 – 40 минути аеробни активности (како на пример пешачење, пливање или тенис) три пати неделно.
Два дена во неделата треба да се следи т.н. “E2 програма за вежбање”, која подразбира три круга вежби за сила и аеробна издржливост. Диетата бара и земање на витамин Б12 како додаток во исхраната.
Како и кај сите растителни диети, така и ,,мотор,, диетата е сиромашна со масти и калории, а е богата со хранливи влакна, витамини, минерали и фитохемикалии, што придонесува за чувство на ситост. Поради тоа има поволно влијание врз здравјето на срцето и крвните садови. Единствен проблем е што има недостиг на витаминот Б12, но тоа се решава со употребата на витамински препарати. Оваа диета не смее да се спроведува непрекинато. Трае една недела и треба да се применува најмногу еднаш месечно.
Предлог за еднонеделно мени
Прв ден
Првиот ден можете да јадете само овошје. Заборавете на бананите, кои придонесуваат за дебелеење, а другото овошје можете да го јадете во неограничени количини. Овошјето ги содржи сите потребни нутритиенти за вашето тело да може да функционира без проблем, а исто така содржи и многу вода. Ако ,,мотор,, диетата ја држите во лето, најдобро е да се концентрирате на лубениците, кои се сиромашни со калории, а богати со вода и нутритиенти. Покрај нив се препорачуваат и папајата, кивито, дињите, јаболките, портокалите и мангото. Нагласокот на оброкот секој ден е на појадокот, кој го јадете со една до две чаши вода.
Втор ден
Вториот ден е дозволено да се јаде зеленчук по избор, а се појадува печен компир. Можеби тоа е чудна намирница за првиот оброк во денот, но творецот на оваа диета тврди дека на тој начин ќе ја задоволите потребата на организмот за јагленохидрати и ќе ги наполните батериите. За ручек одберете зелена салата, зелје и краставици и измешајте ги состојките во голема салата, која можете да ја зачините со маслиново масло и јаболков оцет. Вечерата може да се состои од варена брокула, карфиол и шпаргли со малку сол и зачински билки.
Трет ден
Третиот ден може да се комбинира овошје со зеленчук, кои можете да ги јадете во неограничени количини. Појадокот започнете го со јаболко и две чаши вода, а ако сакате нешто ,,поконкретно,,, одберете диња. Ручекот може да биде ист како вториот ден, со тоа што ќе додадете некој зеленчук, за да немате чувство дека јадете постојано иста храна. За вечера, иделно ќе биде една порција варен зеленчук, по која ќе следува порција десерт од овошје. Ако пиењето вода ви е преку глава, можете да направите овошен или зеленчуков сок од свежи намирници и така ќе го забрзате метаболизмот и ќе му ја осигурате на организмот потребната количина на нутритиенти и вода.
Четврти ден
За разлика од другите денови, овде можете да јадете и банани, млеко и супа. Започнете го денот со банана и чаша топло немасно млеко. Ручајте зеленчукова супа или супа од домати. За вечера можете повторно да јадете зеленчукова супа и шејк од банани. Бананите можете да ги јадете и како меѓуоброк.
Петти ден
Ова е прв ден кога смеете да јадете месо. Се препорачува печено говедско, бидејќи е богато со протеини, но не смеете да го комбинирате со домати. Можете да јадете и пилешко месо. На овој ден треба да изедете шест домати за да добиете доволна количина антиоксиданси. Почнете го денот со говедска супа. Во текот на денот пијте само вода, не сокови.
Шести ден
Појадувајте зеленчук варен на пареа. Како и претходниот ден, се препорачува зеленчукова супа со парчиња говедско месо. Ручајте брокула или некој друг зеленчук со говедско месо, а за вечера изедете зеленчукова супа и плескавица од говедско месо.
Седми ден
Појадувајте чинија кафеав ориз. Ако сакате оризот да ви биде како прилог за ручекот, тогаш појадувајте овошје со една до две чаши вода. За ручек се препорачува кафеав ориз со варен зеленчук (шпаргли, зелје или брокула). За десерт изедете малку манго или лубеница.


