Мини пици со модар домат
Сите сакаме да јадеме пица, но многу често сме во дилема дали навистина вреди да се изедат сите тие вкусни калории. Алтернативната верзија е токму оваа со модар домат, која освен што е многу здрава за консумирање, може да се искористи наместо тесто за пица.
Состојки:
2 модри домати
лук (ситно сецкан и по желба)
2 лажици маслиново масло
500 гр. домати (ситно сецкани, може и од конзерва)
сол
билни зачини (по вкус) – оригано, копар и сл.
150 гр. моцарела
150 гр. пармезан (рендан)
свеж босилек
Подготовка:
Исечете ги доматите на кругови (околу3-4 см дебелина) и посолени ставете ги на крпа за да ја испуштат течноста. Ќе биде потребен околу половина час за да ја испуштат сета вода. За тоа време, издинстајте го лукот и додајте му ги доматите. Модриот домат наредете го на плех и зачинете го со зачините. Потоа ставете ги да се потпечат на 180 степени околу 20 минути. Извадете ги од рерна, и секој круг премачкајте го со смесата од домати и лук, а одзогора ставете ги сирењата и ситно сецканиот босилек. Вратете ги да се потпечат уште 20 минути, додека да се стопи сирењето.