Оние кои јадат пребрзо, земаат големи залаци и брзо голтаат, па лигата и ензимите не стигаат да ја ,,подмачкаат,, храната и да ја ,,разложат,, на помали делови пред да стигне во желудникот. Кога јадеме брзо, исто така голтаме многу воздух, што може да доведе до гасови и надуеност.

 

Но, пред се, последица од брзото јадење може да биде големо чувство на непријатност, проблеми со јадењето и појава на рефлукс, симптом при кој доаѓа до своевидно враќање на храната и желудочните сокови од желудникот во хранопроводникот.

 

Уште еден проблем од пребрзото јадење кое може да доведе до дебелеење е тоа што јадеме повеќе одошто ни треба за да бидеме сити. Кога храната ќе влезе на устата, телото му сигнализира на гастроинтестиналниот тракт дека храната е на пат, акога ќе изедеме доволно, желудникот му сигнализира на мозокот дека е време да престанеме да јадеме.

 

Меѓутоа, ако јадете пребрзо, ќе ги пропуштите тие сигнали, ама ако забавите, мозокот ќе има доволно време да ги прими сигналите и да престанете да јадете кога ќе сфатите дека сте сити. Истражувањата исто така откриле дека оние кои јадат бавно внесуваат помалку калории и подолго се чувствуваат сити.

 

Јадете во текот на целиот ден.

 

Оваа навика бара планирање, но непобитно е најважниот чекор. Водете сметка за тоа да ги јадете сите редовни обоци и меѓуоброци и исхраната да се состои од балансиран внос на белковини, влакна и масти. Никогаш немојте да дозволите да поминат повеќе од три – четири часа без да изедете нешто. На тој начин ќе ги контролирате знаците на глад и никогаш нема да бидете претерано гладни.

 

Одбегнувајте да јадете од нога.

 

Ако јадете трчајќи на следниот состанок, исто така можете да ги ,,измамите,, сигналите на ситост. Освен тоа, поголеми се шансите да изедете нешто што не е баш хранливо. Додека јадете, треба да го правите само тоа, затоа што така ќе се фокусирате исклучиво на храната и на тоа колку јадете.

 

Одбегнувајте нешто да ве попречува додека јадете.

Тоа вклучува ТВ, ,,скролање,, по мобилниот телефон, па и одговарањето на мејловите. Одвојте 15 минути и на мир изедете го оброкот.

 

Користете ги сетилата.Спуштете го приборот за јадење помеѓу залаците и фокусирајте се на вкусот, мирисот, па дури и на звукот на храната и на тоа како се чувствувате додека јадете одредена храна. Јадењето треба да биде процес во кој уживаме, а кога со сите сетила ќе се фокусирате на тој процес, ќе јадете побавно и максимално ќе уживате во секој залак.

Тагови: брзо јадење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина