На многумина луѓе им е погрешно всадено во глава од најрана младост дека мастурбацијата е нешто валкано, погрешно и забрането. Во суштина е сосема спротивно. Сите знаат дека мастурбацијата е забавна. Но, сигурно малку е познато дека оваа активност е идеална за здравјето. Тоа е здрава и самозадоволувачка активност која ослободува од стрес и помага да стане посигурни во себе, да го сакаме своето тело, да се чувствуваме удобно во него и да оствариме блискост со него. Еве зошто е се добро и пожелно да се мастурбира.

Добра е за срцето

Истражувањето спроведено во Израел во 1976 година над повеќе од 100 жени покажало дека оние жени кои се загрозени од болести на срцето имаат помалку оргазми. Тоа, секако, не значи откажување од кардио вежбите, но значи дека треба да се прпеуштите на уживањето секојпат кога ќе почувствувате потреба.

 

Помага кај акни

Окситоцинот кој се лачи за време на сексот или мастурбацијата го намалува нивото на кортизолот, хормонот на стресот, кој ја прави кожата надуена и црвена. Покрај тоа, помалку стрес значи и чиста кожа, па со редовно мастурбирање може да се спасите од мозолките.
Полесно ќе заспиете

Ако патите од несоница, следниот пат нафрлете се на мастурбација, бидејќи оргазмот лачи пролактин, кој има заспивачки ефект. Покрај тоа, оргазмот е и природен антидепресив.
И помага на вагината да остане во форма

Многу е важно редовно да се користат мускулите на карлицата, да се извива грбот и да се контрахираат мускулите на вагината, со цел и тие делови од телото да ја оддржат сексуалната функција која ја имаат. Едноставното самозадоволување помага да се оддржува редовен проток на крвта и на овие места од телото.

 

Ќе живеете подолго

Покрај тоа што кожата ќе ви блеска, ќе бидете добро расположени, а срцето ќе биде во одлична состојба, и ќе живеете подолго. Имено, една студија која била вршена над стотина парови покажала дека жените кои биле задоволни со својот сексуален живот живееле подолго од оние кои признале дека партнерот не ги задоволува.

 

 

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина