Целулитот се создава со внесување на храна богата со масти и триглицериди. Неестетските количества се наоѓаат, главно, во долниот дел од телото, каде што создавањето и собирањето на целулитот е највидливо (задникот, градите, внатрешната страна на бутовите, стомакот, колковите, надлактиците).

celulit_naslovna

Целулитот настанува поради прекумерното собирање на зголемените масни клетки, кои можат да бидат поголеми дури 60 пати повеќе од нормалното. Овие проверени совети можат многу да ви помогнат против најголемиот непријател на женската убавина.

Солта ја затега кожата

Пилингот со морска сол го зацврстува сврзувачкото ткиво на оние делови од телото каде што се создаваат масни наслојки. Отстранувањето на површинскиот слој на мртвите клетки би требало да ни е еднакво важно како и миењето на забите. Правете пилиг секое утро со честка или со „луфа“ ракавица. По пилингот секако, следува туш и нанесување на млекото за тело и кремот против целулит.

Топло-студен туш

За да го отстраните целулитот, туширајте се наизменично со топла, па со студена вода. Задржете се на оние делови од телото каде што имате најмногу целулит, и пуштете една минута топла вода и една минута студена. Завршете го туширањето со студена вода. Ова е класичен метод за нега на здравото тело и би требало често да се користи.

„Измивање“ на масните наслојки

Масните наслојки во поткожното ткиво можат да се видат на површината од кожата во вид на целулит. Оние што земаат доволно течности велат дека масните перничиња можат буквално да се измијат доколку се внесува 2-3 литри вода на ден.

Спортот го подига тонусот на мускулите

За да го спречиме создавањето на масните наслојки кои настануваат поради врзувањето на водата за мастите, секој втор ден би требало да спортуваме. Корисни спортови се возењето велосипед, пливањето, трчањето….

Едноставна терапија и третмани против целулит

Масажата со етерични масла помага во разградбата на масните наслојки. Обидете се со нешто ново! Измешајте 10 капки масло од рузмарин со 50 милилитри вода. Благо масирајте ги деловите од телото кои ги има „окупирано“ целулитот.

И алгите помагаат во симнувањето на масните наслојки. Дејството е уште поефикасно кога тие во телото ќе се завиткаат во прозирна фолија. Топлината што се создава под фолијата ја зголемува ефикасноста на дејствувањето на алгите и намалувањето на масните налаги е многу побрзо.

За затегање на кожата и ослободување од масните грутчиња, одлични се антицелулит методите. Во прав од лековита глина постепено додавајте топол чај од камилица и мешајте го се додека правот не се претвори во каша. Со оваа маса полека се масира кожата. На глината и се потребни 20 минути да се исуши, а потоа се измива со топла вода.

Киселото млеко и јогуртот се многу пријатни и освежувачки напивки. Постои уште нето што освежува, а има малку калории. Тоа се јагодите. Тие помагаат во согорувањето на мастите, го зајакнуваат сврзувачкото ткиво и му помагаат на организмот да се ослободи од непотребната течност. Направете коктел од киселото млеко, јогуртот и јагодите- ќе добиете одличен лек против целулитот.

Добра храна во борбата против целулит

Избегнувајте продукти кои се богати со масти, како што се пржените компири и чоколадото. Така навистина ќе се ослободите од вишокот на мастите во поткожното ткиво. Компирот е здрав за нега на кожата, а особено неговата кора. Затоа, не фрлајте ја кората, користете ја како облога за кожата и лек против целулит. Празот, исто таа е одличен во борбата против целулит и е познат како убиец на маснотии. Овој зеленчук буквално ги убива маснотиите. Содржи голем процент на железо, магнезиум и калциум. Во перцата се крие масло кое го подобрува варењето и го ослободува организмот од вишокот вода.

Чајот од листови од круша е исто така одличен, со овој чај ќе постигнете полесмо лачење на течностите, ќе го отсраните вишокот на водата и ќе ги намалите масните наслојки. Чајот се препорачува најмногу напролет. По една чаша топол чај пијте наутро, напладне и попладне меѓу оброците. Терапијата нека ви трае 20 дена.

Артичкоките, кои повремено можат да се најдат и на нашиот пазар се познати како одлично средство за разбивање на маснотиите и отстранувањето на вишокот вода од организмот.