Како го започнувате новиот ден? Уморно, несреќно, под стрес, лути сте или пак сте полни со енергија, среќни, мотивирани и благодарни додека го поздравувате новото утро? Ако започнете со негативни мисли и чувства , дали им допуштате да и понатаму се развиваат во текот на денот? Дали дозволувате она што луѓето ќе го кажат значајно да вијае на вашето расположение?

sreken den_naslovna

 

Од скоро секој ден можете да направите прекрасен ден, само доколку сакате. Се што треба да сторите е да направите избор за тоа вашиот ден да биде прекрасен ден и да е дозволите ништо да влијае на оваа ваша одлука.Тоа можеби нема да биде лесно во почетокот, но потрудете се и ќе успеете.

Можете да изберете да:

-Започнете го денот со позитивни мисли. Разбудете се со позитивни мисли. Заблагодарете се на дарот наречен живот. Насмејте се на себеси во огледалото, истуширајте се, растегнете се и вдишете чист воздух, ако сакате можете да медитирате или да се помолите. Појадувајте здраво и на мира.
-Не очекувајте неугодни задачи и обврски, верувајте дека можете да направите се лесно и успешно, верувајте дека сте способни.
-Прочитајте неколку инспиративни цитати пред да заминете на работа.
-Бидете пострпливи и повнимателни додека возите автомобил. Слушајте весела и инспиративна музика или снимени мотивирачки предавања.
-Кога и да одговара, насмевнувајте се почесто. Бидете љубезни. Одете и зборувајте со самодоверба. Пофалете ги другите.
-Пронајдете време за себе во текот на денот за да ги правите работите кои сакате да ги правите.
-Слушајте музика која ве прави среќни. Фините звучни вибрации, а особено духовните песни, мантрите и релаксирачката музика често имаат подигнувачки и инспиративен ефект на раположението и состојбата на умот. Музиката влијае на свесниот и несвесниот ум и делува како моќна позитивна афирмација.
-Секогаш гледајте на светлата страна на животот! Гледајте позитивно на секоја ситуација, без оглед на тоа колку таа е незгодна!
-Доколку се најдете опкружени со негативни и обесхрабрувачки луѓе можете да а) се потрудите да ја смените темата, б) љубезно да се извините, да станете и да си заминете, с) ако не можете никако да отидете, повторувајте ги позитивните афирмации во умот.
-Отидете малку порано да спиете, опуштете се со добра инспиративна книга и топла бања, послушајте некоја убава музика и заблагодарете се на уште еден прекрасен ден,

Значи, се што е потребно е промена на ставот. Кога својот ден ќе го направите убав, тоа исто така ќе влијае и на тоа и другите да имаат убав и пријатен ден. Вашите позитивни вибрации влијаат на умот, телото и аурата на другите луѓе. Кога сте вие среќни, ги усреќувате и другите и донесувате светлина во денот, па несвесно чините и другите да имаат поубав ден.