Лимонот како чистач
Лимонот е богат со витамин Ц, кој во малку помала количина се наоѓа и во портокалите. Но, од диетална и тераписка гледна точка, неговите најинтересни компоненти се т.н. фитохемикалии. Тој содржи органски киселини (6-8%), меѓу кои спаѓа и лимонската киселина, која е најмногу застапена, а потоа тука се и јаболковата, оцетната и мравјата киселина. Нивното присуство го засилува ефектот на аксорбинската киселина (витаминот Ц), а исто така имаат и многу силно антисептичко дејство. Покрај тоа, флавоноидите, посебно хесперидинот и диосминот (кои се наоѓаат во лимоновата кора и во месестиот дел) имаат антиокидатен и антиканцероген ефект и ги штитат капиларите. Терпените, кои воглавно ги има во кората, му ја даваат карактеристичната арома на плодот на лимонот. Од нив најзастапен е д-лимоненот, за кој се има покажано дека има детоксикациски и антиканцерогени својства.
Благодарение на високата содржина на витамин Ц и фитохемикалии, лимонот ја подобрува отпорноста на имунолошкиот систем на инфекции. Токму затоа се препорачува консумирањето лимон во случаи на вирусни и бактериски инфекции на организмот. Лимонот треба да биде дел од исхраната на секој оној кој пати од анемија. Иако во себе има многу ниска содржина на железо, тој е силен антианемик, поради тоа што ја подобрува апсорпцијата на железото во организмот, кое го внесуваме преку други природни намирници.
Лимонот помага и во излачувањето на мокрачната киселина, т.е. на отпадните производи на метаболизмот, кои секогаш одново се синтетизираат во организмот. Ако остане во телото, оваа киселина почнува да се складира во зглобовитеи предизвикува артритис или напад на костозболка, а во бубрезите предизвикува нефритис (воспаление).
Лимонот обично не се консумира како таков поради својот кисел вкус. Воглавно се пие сок од исцеден лимон и од неговата кора (само доколку не кората не содржи пестициди, што е денес многу редок случај). Сокот oд лимон го засилува сетилото за вкус, го подобрува варењето и сите благотворни својства на сите видови зеленчук, ориз и мешунки.
Третман со лимон
Овој третман трае две недели. Првиот ден, половина час пред појадок се пие сок од еден лион, разблажен со вода. Секој следен ден се додава по уште еден лимон, се додека не се дојде до бројот седум. Потоа се пристапува по обратен редослед односно секој ден се користи по еден лимон помалку, се додека не се дојде до последниот ден, кога повторно се подготвува сок од само еден лимон.
Терапијата со лимон е многу ефикасна во растворање на камен во бубрег, бидејќи лимонот е единствен кој содржи доволна концентрација на цитрати, кои на природен начин го инхибираат создавањето на бубрежни каменчиња. Овој третман не е препорачлив за деца, за постари луѓе и за сите оние кои имаат недостаток на калциум, слаби бубрези или ниско ниво на црвени крвни зрнца. Во овие случаи не смејат да се јадат многу лимони.