Во текот на првата недела кога преминуваме на поздрава исхрана, полесно ги губиме килограмите. Но, како што ќе се прилагодува нашиот метаболизам, така нема да согоруваме толку многу калории. Губењето дополнителни килограми ќе стане потешко. Што е уште полошо, кога ќе почнат да се топат мастите, ќе почнете да чувствувате дека ви се зголемува апетитот. По оброкот, масните клетки го испуштаат хормонот лептин во крвта. Со зголемувањето на количините на овој хормон, до мозокот стига сигнал дека сте полни идека треба да престанете да јадете. Но, кога мастите ќе се намалат, оние кои губат килограми воедно ќе почнат да произведуваат и помалку лептин.

 

Снимките направени од мозокот на пациенти кои загубиле 10% од својата вкупна тежина откриваат дека намалената количина лептин ја зголемува активноста во деловите од мозокот задолжени за контрола на гладот.

 

Последицата од тоа не е само зголемениот апетит, туку и желба за консумирање масна и висококалорична храна – вашиот мозок се обидува да го врати нивото на лептинот во нормала. Но, спротивставувањето на тој почетен импулс за да се прејадете со пица и со крофни долгорочно се исплаќа, пишува Business Insider.

 

Освен намелен ризик од срцеви заболувања, хипертензија, висок холестерол во крвта и дијабетес, научниците кои ги проучувале предебелите луѓе, откриле дека значително се намалува притисокот во зглобовите во вредност од 1,8 кг, кога човек ќе загуби само половина килограм.

 

Губењето на тежината го намалува притисокот на крвните жили, го поттикнува протокот на крвта во мозокот и ја подобрува целокупната работа на мозокот. Неколку истражувања покажале дека кај оние луѓе кои поминале низ операција за намалување на килограмите значително им се подобриле помнењето и концентрацијата и станале подобри во решавањето на проблемите, и сето тоа за само 3 месеци.

 

Воедно, снимките од мозокот покажуваат дека оние кои ќе загубат килограми и кои нема да ги вратат истите во следните 9 месеци, реагираат поинаку кога им се покажуваат слики од високо калорична храна, отколку пред губењето на килограмите. Дел од мозокот кој е задолжен за награда, мотивација и вкус не реагирал подеднакво силно како претходно, додека оние делови од мозокот кои се задолжени за самоконтролата, биле многу поактивни.

 

Борбата против нагонот за јадење на почетокот ќе се исплати подоцна, бидејќи ќе биде полесно да се контролираат тие нагони. Од сето ова произлегува дека губењето на килограмите станува се полесно со тек на времето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина