Знаеме деке Клеопатра се капела во ова млеко, но освен тоа не знаеме ништо повеќе за магарешкото млеко. Машините од многу одамна ја имаат преземено традиционалната улога на магарето како на верен помошник во носењето товар, но овие благодарни животни имаат во последно време се поголем број обожаватели благодарение на своето скапоцено млеко. Имено, магарешкото млеко се истакнува со неговите лековити потенцијали. Одлично е за болести на кожата, дишните патишта и за алергии. Дури и многу мали количини од него ја ублажуваат астмата и бронхитисот. Магариците можат да произведат само четири децилитри млеко дневно, што е ситница во споредба со кравите.

Фотис Пападемас, стручњак за млечни производи и професор на Технолошкиот факултет на Кипар, вели дека постојат јазни показатели дека ова млеко е ефикасно во борбата со здравствените проблеми кои произлегуваат од слабиот имунолошки систем. Тој тврди дека составот на протеини во магарешкото млеко е слично со човечкото, но помалку масно, и дека тоа го регулира имунитетот, иако напоменува дека се работи за само показатели и дека за поцврсти докази треба да се спроведат клинички испитувања.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина