Ако се чувствувате лошо, а не знаете зошто, ако сте загрижени за својата финансиска ситуација, позитивното размислување не може да биде решение. Понекогаш најдобриот третман вклучува физичка активност. Ако се борите со стрес, постојат многу начини како да му пристапите на проблемот. Ова се 5 наједноставни начини со кои можете да си ги окупирате мислите.

Прошетка за намалување на депресијата

Повеќекратните истражувања покажуваат дека физичката активност може да биде ефикасна за лекување на психичките проблеми. Секојдневна прошетка во траење од 30 минути ја намалува депресијата и го подобрува квалитетот на животот. Брзото одење може да биде ефикасно исто како и земањето на антидепресиви.

Насмевката ја намалува физичката болка

Ако чувствувате болка, насмевката може да ја намали непријатноста. Од друга страна, муртењето може да ја засили. Истражувањата покажуваат дека насмевката може да го намали бројот на отчукувањата на срцето за време на стресен настан. Значи, следниот пат кога ќе минувате низ стресен период, потсетете се на некој смешен виц или заталкајте со мислите на некое убаво место.

Длабок здив за подобра концентрација

Неколкуминутно длабоко дишење може да ја подобри концентрацијата, посебно ако правите повеќе нешта одеднаш. Длабокото дишење непосредно влијае и на квалитетот на изведување на задачите.

Јогата го намалува стресот и симптомите на ПТСП

Јогата докажано го намалува стресот. Истражувањата исто така покажале дека јогата им користи на луѓето кои имаат постравматско стресно нарушување (ПТСП) и значително ги намалува неговите симптоми.

Кревање тегови во борбата против анкциозноста

Околу 15% од населението има чести напади на нервоза, стрес и загриженост. Без интервенција, анкциозноста може да доведе до лош квалитет на сонот, болки, лошо здравје и физички ограничувања. Истражувањата покажуваат дека кревањето тегови значајно делува на побивање на анкциозноста. Телесните вежби не мора да бидат со висок интензитет. Умереноста е најдобрата превенција од анкциозност.

Изградете ментална сила

Градењето на менталната сила не се прави само со промена на начинот на размислувањето. Воведувањето на физичката активност може особено многу да влијае на развојот на мозокот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина