Уште во основно училиште учиме дека енергијата е неуништлива, таа само преминува од еден во друг облик, од тело во тало. Денес, живееме во многу турбулентно време и не е лесно човек да остане прибран. Затоа е многу важно во кое друштво се движиме, кои зборови ги користиме, како се чувствуваме самите со себе. Нашите мисли ја креираат нашата стварност, но исто така и здравјето во физичкото тело. Ако нашите мисли се хармонични и нашето тело е во складност и силно, тогаш ќе бидеме поподготвени за животните предизвици.

Мисли во облик на музика

Минатата година кинеските научници мислите ги претворија во музика! Тие ги комбинирале податоците од мозокот направени со ЕКГ и магнетна резонанца и двата вида мозочни бранови ги претвориле во музика. Висината и интензитетот на тонот, како и самиот ритам, ги креирале со помош на компјутерска анализа. Научниците се согласни дека мозочната музика го отелотворува мозокот како уметничко дело, па од ова откритие е многу полесно да се разбере врската помеѓу музиката и мозокот.

Познато е истражувањето на доктор Масар Емот, кој направил фотографии на смрзнати кристали од мраз, кои биле изложени на разни облици на музика. Водата која ,,слушала,, класична музика обликувала прекрасни кристали, додека водата изложена на хеви метал музика имала фрагментирани кристали.

lekuvanje-zvuk1

Питер Хес и терапијата со музика

Германскиот физичар Питер Хес, воден од древните знаења на Ведите, каде терапијата с звук е една од петте основни методи на лекување, вршел снимања за делувањето на музиката врз озвучените тибетски садови во коишто имал ставено вода. Биле создадени прекрасни мандали, кои се разликувале само според фрекфенцијата која тој сад ја произведувал. Питер Хес почнал да изведува и звучни масажи и бањи со помош на гонгови. Освен чујно доживување, тие пружаат и кинестетичко доживување, па звукот по пат на електронски импулси се испраќа до мозокот. Целото тоа доживување има за последица тоа што ваквиот вид на терапија го доведува клиентот до длабока опуштеност, до состојба на свесно сонување, каде се буди нашиот несвесен ум, односно сите оние неискористени капацитети на нашиот мозок. Клиентот влегува во состојба на внатрешен мир и чувство на сигурност, па од тука е подготвен да контактира со самиот себе, да ги опушти негативните надворешни влијанија насобрани во телото и негативни уверувања кои ги носи со себе тоа создавање на новиот поредок.

Од таа причина се започнати и истражувања за делувањето на звучните масажи врз зависниците од дрога и алкохолот, па така се дошло до значајни резултати токму поради тоа што клиентите ја зголемиле својата внатрешна сила и изворната доверба во животот. Тогаш полесно се носеле со негативните емоции и болка уште од раното детство, а кои ги оживувале во непријатните контакти со околината.

Со посебни уреди биле вршени мерења на варијабилноста на срцевите отчукувања, пред и за време на траењето на звучните масажи, и воочени се значајни резултати во нивната регулција, а со тоа и на регулацијата на крвниот притисок. Делувањето на звучните масажи го подига нивото на ендорфинот во крвта, со што се подобрува расположението.

Истражувањата за дејството на звучните масажи и бањи кај проблемите со тинитус исто така имаат дадено одлични резултати. Поради своето делување врз соматосензорниот кортекс, пациентите доживуваат поинаква перцепција на телото, што се смета за посебно добро при работењето со пациенти кои имале мозочен удар. Сето ова довело до тоа минатата година Питер Хес да ги воведе звучните масажи како една од терапиите на факултетот по комплементарни методи во Берлин и Франкфурт.

Можеме да заклучиме дека веќе и научно е докажано делувањето на звучната терапија на сите нивоа кај човекот – физичкото, емотивното и душевното, што е единствениот начин за навистина да се постигне комплетно оздравување и рамнотежа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина