Интелигенцијата е субјективна работа и се разликува од човек до човек, но на неа можат да влијаат некои крајно неочекувани нешта. Стручњаците тврдат дека овие 5 нешта можат да го намалат вашиот вистински капацитет на мозокот, но и да го загрозат вашето здравје:

1. Премногу шеќер

Шеќерот не влијае негативно само на вашата половина, туку може да направи голема штета и врз мозочните клетки. Истражувањата покажале дека мозокот се забавува после 6 недели редовно консумирање на шеќер – а тоа може да влијае на вашата меморија и способноста за учење.

2. Пасивно пушење

Можеби не сте пушач, но резултатите од студијата на Универзитетот Мичиген покажале дека децата кои се изложени на тутунскиот чад имаат лоши резултати на училиште и пониско IQ. Чадот од цигарите го изложува мозокот на бројни токсични супстанции, а подолгата изложеност ја зголемува количината на јаглерод моноксид во телото кој го менува кислородот кој му е и тоа како потребен на нашиот мозок.

3. Дебелина

Вишокот на килограми сосебе носи зголемен ризик од деменција и полоши когнитивни способности. Сепак, истражувачите не се сигурни дали виновник за ова е самата дебелина или одредени здравствени проблеми кои резултираат со вишок килограми.

4. Стрес

Стресните ситуации го намалуваат бројот на конекции помеѓу невроните во мозокот и ја отежнуваат нашата способност во иднина да излегуваме на крај со слични ситуации.

Високот ниво на стрес не влијае негативно само на мозокот, туку и го зголемува и ризикот за Алцхајмерова болест.

5. Мултитаскинг

Можеби мислите дека сте попаметни затоа што сте во состојба да правите две нешта во исто време, но истражувањето на Универзитетот Стендфорд покажало дека оние кои завршуваат една по друга работа имаат значително подобри когнитивни способности.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина