Поради сувата коса, дури и најдобрите фризури можат да изгледаат лошо. Меѓутоа, за да и ја вратите на оваа коса хидратацијата, сјајот и за да имате одлична фризура, би било мудро да се придржувате до следниве совети.

 

Помалку е повеќе

 

Косата често станува сува поради преголема употреба на апарати за стајлинг на база на топлина (пегла за коса, фен, фигаро), претерано шампонирање или хемиски третмани, како што се фарбањето, исправањето на косата и сл. Обидете се да направите доволно простор, односно поретко да се подложувате на хемиски третмани и да ја оставате косата природно да се суши.

 

Студено време

 

Кога е надвор студено, тоа може да се одрази и на косата. Во текот на зимата, косата и скалпот брзо губат влажност, што доведува до пукање на косата, појава на првут и бавно растење. А оние прекрасни волнени капи кои ги носиме во текот на студените денови и не се толку идеални, бидејќи ги впиваат влагата и природните масла од косата. Најдобро е омилената капа или шапка да ја обложите со свилена марама или шал.

 

Масло

 

Скалпот природно лачи масла и масти, кои ја оддржуваат хидратацијата на косата. Меѓутоа, кај некои луѓе тој процес е многу бавен и скалпот не лачи доволни количини од тие масти и масла, а сето тоа доведува до појава на сува коса. Шампонирањето на неколку денови помага во задржувањето на природните масла, што, на крајот, ја регенерира косата по природен пат. Исто така, овој процес го потпомага и користењето на регенератор после секое шампонирање. Би било добро да не се користат шампони за длабинско миење на косата (на нив обично стои напишано ,,clarifying,,), кои имаат за цел отстранување на наслагите на производите за обликување и нега на косата, но истовремено ги ,,симнуваат,, и сите природни масла од неа.

 

 

Ладење

 

Не морате целосно да се откажете од апаратите за стајлинг, коишто работат на принципот на топлина –ж- стручњаците препорачуваат да се намали температурата. Пред фенирање на косата нанесете спреј за заштита на косата од топлина и одберете помала температура. Ако користите пегла за коса, прво оставете ја косата сама да се исуши, без употреба на фен. А кога се работи за фигаро, заменете го со витлери – резултатот е ист, а не доаѓа до оштетување на косата предизвикано од топлината.

 

Заштитете се

 

По летото и топлото време, многумина заврушуваат со сува и оштетена коса, која настанува како последица од изложеноста на сонцето. За време на летото, треба да се направи третман за длабинска регенерација на косата, еднаш неделмо. Регенератор може да се нанесе и пред спиење, а потоа добро да се измие наутро. За да се намали појавата на оштетена коса уште на почетокот, побарајте производи за косата кои имаат заштитен фактор или носете шапки за време на топлите денови.

 

Победете ги природните причини

 

Понекогаш, без разлика колку добро ја оддржувате косата, можете да завршите со сува и оштетена коса. Хормонските промени во бременоста и менопаузата, одредени видови лекови, хипотиреоза и слични нарушувања можат да предизвикаат појава на сува и оштетена коса. Исто така, како старееме, така и телото ,,произведува,, коса во се помали количи, па од исклучителна важност е косата да се заштити од сонцето и да се удвои количината на регенератор за неа.

 

Поправка

 

Оштетената коса не може ништо трајно да ја поправи, но одредени состојки, како што се протеините, можат привремено да ги залечат испуканите врвови, кои се честопати резултат на сувата и оштетена коса. Побарајте производи кои содржат кератин, протеин кој помага косата да ја поврати својата структура.

 

Исхрана

 

Додека специфични намирници веројатно нема да ја променат текстурата на косата, дерматолозите сепак се согласуваат дека правилната исхрана може да направи огромна разлика. Здравата коса е одраз на здраво тело. А бидејќи таа се состои од протеини, би било и повеќе од добро да се консумираат намирници кои ги содржат. Намирници со многу омега-3 масни киселини, како што се масните риби и оревите и оние намирици кои се богато со витамин Б5, како што се јајцата и авокадото, можат да помогнат. Исто така, дневната доза од околу 1500 милиграми биотин може, исто така, да биде од полза.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина