Кумкват (lat.Fortunella) е агрум од семејството на растението петопрст. Се спомнува во кинеската литература од 12 век, па поради тоа се верува и дека потекнува од Кина, каде е познат под името чин-шит (златен портокал), чин-кан (златна мандарина) и чин-тоу (златен грав). Во 19 век неговото одгледување во голема мерка се проширило на подрачјето на Европа и Америка, а денес е посебно застапен во Бразил, Шпанија, Арегетина, Калифорнија и јужна Африка. Во Хрватска во најголем дел се одгледува во Далмација.
Поради џуџестиот раст, богатото зеленило на врвот и убавите цветови, ширум светот е популарна како украсно дрво и претставува неодолив украс на балконите и терасите. Како намирница, ја оправдува придавката ,,златен,,, бидејќи е вистинска ризница од хранливи материи.

Плодот – ризница на хранливи материи

Вистинската вредност на овој агрум се неговите атрактивни мали плодови кои се богата ризница на важни нутритивни материи. Имаат жолто-портокалова боја, по облик се овални или округли и со големина се од 3 до 5 см. Кумкватот е одличен извор на витамините А, Ц и Е, Б1, Б12, од минералите содржи кациум, калиум, железо, омега 3 и омега 6 масни киселини, каротен, танин и пектин. Обилува и со важни и неопходни потребни фитонутриенти кои го штитат организмот од негативното делување на слободните радикали. По изглед наликува на мал портокал, но за разлика од портокалот и останатите цитруси, кај кумкватот се јади и кората, која е многу вкусна. Тој, всушност, така и се јаде – заедно со кората. Пред јадење, кората треба малку да му се протрие, за таа да испушти што поголема колична слаткаста арома и за да се добие вкусна слатко – кисела комбинација, која е специфична за ова овошје.
Поради големата количина на витаминот Ц во својот состав, кумкватот е совршен сојузник во превенцијата и сузбивањето на настинката, грипот и останатите инфекции. Количина од 100 гр. задоволува дури 73% од препорачаната дневна доза од овој витамин. Зарем овој факт не е доволна причина што поскоро да го пробате ова симпатично и необично овошје?

 

Други благодети од кумкватот

Витаминот Ц е познат и како ефикасен сојузник во обновувањето на оштетените клетки. Докажано е дека секојдневното консумирање на овој цитрус значајно допринесува за зацелување на сите видови кожни повреди како што се отворени рани, површински ранички, гребаници и модринки. Воедно, и помага на кожата при лекувањето на воспалителни процеси. Благодарение на високата концентрација на антиоксиданси, како што се витамините А, Ц и Е, флавоноидите како каротенот, танинот и пектинот, ,,златниот портокал,, го штити организмот од слободните радикали кои ги оштетуваат ДНА клетките. Претставува природна заштита од инфекции, штити од карцином и помага во лекувањето на разни хронични болести.
Докажано е дека природната лимонска киселина има голема улога во превенцијата и лекувањето на болестите поврзани со камења во бубрег или жолчка. Киселите намирници ја имитираат желудочната киселина и ја поттикнуваат жолчката на контракции кои ќе го исфрлат каменот. Помагаат и во снижување на холестеролот, додека антиоксидансите се заслужни за целосната заштита на бубрезите. Фитонутриентите скриени во плодот на кумкватот го снижуваат холестеролот и триглицеридите во крвта и така го смалуваат ризикот од срцев и мозочен удар. А, омега 3 и 6 масните киселини во него имаат одлична улога во здравјето на кардиоваскуларниот систем. Рибофлавинот содржан во него го забрзува метаболизмот на храната, па од тука тој е природен извор на енергија за организмот, кој можете да го консумирате во секое време.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина