10 работи кои треба да ги знаете за аронијата
Аронија(Aronia melanocarpa) го привлече вниманието на научниците , со својата темно виолетова, речиси црна боја, која произлегува од содржината на антоцијанин. Вкупниот број на антоцијанин во аронијата е 1480 мг. На 100 гр. Свежи бобинки аронија.
Аронијата е моќен антиоксиданс кој спречува формирање на слободни радикали и дегенерација на здравите клетки во човековото ткиво и крвна плазма, и на тој начин го забавува процесот на стареење, за што се задолжени антоцијанин, танин, витамин Ц и витамин Е. Тоа помага кај главоболки и мигрена, бидејќи ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните садови на главата, спречува развој на атеросклероза и создава силна заштита против појавата на деменција и развој на Алцхајмеровата болест. Аронијата помага во намалување на крвниот притисок и овозможува брзо опоравување по срцев и мозочен удар,го регенерира мускулното ткиво и ја подобрува циркулацијата на срцето и создава потполна заштита од затнување на крвните садови.Зрелите плодови и сокот, содржат големо количество на бета каротин и зеаксантин,кои ги штитат клетките од оштетување,очите од развој на катаракта,а кожата од сончевите зраци и меланом.Може да биде корисна в олекувањето на дијабетис и метаболички синдром, и секако се препорачува на дијабетичари.Покрај тоа, е ризница на биолошки активни соединенија,постојат повеќе од 300. Од витамини ги содржи сите кои се од суштинско значење –Ц,А,Е,Б1,Б2,Б3,Б5,Б6,Б9,и е богат со минерили од цинк,железо,калиум,калциум, манган,фосфор и јод.
На нашиот пазар, неодамна се појавија многу производи од аронија, која се одгледува и во нашиот регион, како што се сок, чај, но најубаво е да ги конзумирате свежи – доволно е да изедете 200 до 300 грама на ден.Како би ја конзумирале во текот на целата година, аронијата може да се замрзне,исуши, да направите мармалад,сок,сируп,компот, вино,ликер,бренди.Сепак,посебно се препорачува ладно цеден сок, што е доволно да се пие еднаш на ден на празен стомак по една чаша.
Аронија се всушност, ситни,мали темносини бобинки во гроздови кои се многу слични на боровница.Тие растат во форма на една грмушка во висина и до 2 метри. Лековити а воедно и за јадење се бобинките, од целото растение,кои после созревањето можат да останат на гранките и до 2 месеци. Созрева кон крајот на август и во септември. Постојат 3 видови на аронија, црна аронијаа(аронија melanocarpa), темноцрвена(аронија arbutifolia) и пурпурна(аронија prunifolia) и припаѓаат на семејството ружи Rosacea. Нема природни непријатели или паразити, така што ова растение не се прска со ништо и со право го носи името органски одгледувани бобинки.
По откривањето на лековитата моќ на ова растение кон крајот на седумдесеттите, почнува нејзиното интензивно одгледување и сега се одгледува низ цела Европа.Потекнува од источниот дел на Северна Америка и Канада денес, а американските Индијанци уште од антички времиња ја познавале како вредна и лековита храна. Бобинките од аронија се сушат и мелат, и како такви се комбинираат со месо и брашно.Свежите плодови најчесто ги користеле за проблеми со стомакот и дијареа, грип и настинка,а чајот од свежи листови на аронија го користеле за заздравување на раните.Најдобро успева на студена клима,каде зимата трае 5-6 месеци, а летата се благи со температура до 20 степени.
Сибирска аронија
Благодарение на тоа што многу добро ја поднесува зимата и мразот,па и температури до минус 47 степени стигнала до Русија и Сибир.Екстремно ниските температури не оставаат никаква последица врз неа.Сибирска аронија или лат. Аронија melanocarpa има многу висок степен на полифеноли,витамин Ц и Е,бета каротин,кој го прави еден од најпознатите и проверени антиоксиданси.Овој вид на аронија има највисок квалитет. Познат е уште како дива сорта и обично на гроздот има 10-15 бобинки, но затоа се трипати појаки и поздрава од култивираните, калемени видови.Минералната, богата земја обезбедува широк спектар на природни минерали, без дополнителни вештачки ѓубрива.
Сокот од сибирската аронија е сигурен за конзумирање од првата година од животот и кај трудниците без чувство на мачнина.Не содржи глутен,така што е сигурен кај сите безглутенски диети.