Витамините се нужни за нашето здравје, но исто така и за здравјето на косата. Недостигот од витамини и минерали често резултира со забавен раст и опаѓање на косата, а неретко остава траг и на кожата и ноктите. Иако бројни производи како предност го истакнуваат правилниот распоред на витамините во својот состав, тие најдобро е да се внесуваат со исхраната, односно преку правилно одбрани намирници. Во продолжение погледнете кои витамини и минерали се потребни за опимален раст на косата.

1.Витамин А – како силен антиоксиданс, може да биде исклучително погоден за оние кои имаат сува коса, бидејќи го стимулира темето да произведува маст. Освен што и помага на сувата коса, тој успешно се бори и против кожните проблеми, како што се акните, ги намалува ситните брчки, а позитивно делува и на ноктите, со тоа што им ја зголемува јачината.

Витаминот А може да се најде во спанаќот, слаткиот компир, морковот, дињата и јајцата.

2.Витамин Б – сите витамини од Б – групата обично се држат заедно и секако треба да се внесуваат во организмот. Но, најважни се витаминот Б12, б3 и Б7. Недостигот на витамин Б резултира со замор и со лесно добивање модрици, а остава голема трага и врз растот на косата, па таа расте двојно побавно.
Витаминот Б го стимулира и производството на меланин, па така косата подолго ја задржува бојата, кожата постојаниот воедначен тен, а кај ноктите ја спречува дисколорацијата.

Витаминот Б можеме да го најдеме во жолчката од јајцата, рибата, пилешкото, зеленчукот и млекото.

3.Витамин Ц – витаминот Ц е еден од најважните витамини за оптимална функција на имунолошкиот систем како и за здравјето на косата и ноктите. Тој го намалува пукањето на влакната и ја одржува косата јака, а делува и како антиоксиданс, па така го штити организмот од настинки и грип. На кожата и помага така што го јакне нејзиниот имунитет, а кај ноктите го стимулира растот и им ја задржува здравата боја.

Витаминот Ц го наоѓаме во цитрусното овошје, јагодите, компирот и во некои зелени зеленчуци.

4.Витамин Д овој витамин е важен за здравиот раст на фоликулите на влакната на косата и за одржување на еластичноста на косата. Главен негов извор е сонцето, но го има и во намирниците како што се рибата, маслото, млекото, природните сокови и некои видови печурки.

5. Витамин Е – игра голема улога во одржувањето на здравјето на косата, бидејќи ја стимулира циркулацијата на скалпот. Недостигот на овој витамин доведува до пукање на влакната на косата и забавен раст на косата.
Можеме да го најдеме во зелениот зеленчук, јаткастите плодови и во сончогледовото и лененото масло.

6. Железо – иако не е витамин, железото спаѓа во минералите кои му се потребни на организмот за многу здравствени бенефиции, па и за раст на косата. Истражувањата покажале дека многумина ја губат косата токму поради недостигот на железо. Го има во грозјето, боровинките, семките од тиква, црвеното месо и грашокот.

7. Цинк – недостигот на цинк во организмот е еден од главните причинители за појава на перут во косата. Тој ни помага и во губењето на косата, така што и дава цврстина. Цинкот може да се најде во млечните производи, рибата и школките, месото, интегралните житарки и лукот.

8. Магнезиум – овој минерал е неопходен за синтезата на кератинот, па така неговиот недостиг може да доведе до засилено опаѓање на косата. Магнезиумот се наоѓа во смоквите, лимоните, бадемите, пченката, јаболките, месото, грашокот и во пченичните никулци.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина