Божурот е симбол на убавина и женственост кој секоја пролет ја збогатува природата со волшебни раскошни бои и мириси. Уште од античко време е познат како украсно, но и лековито растение полно со благотворни состојки – антоцијаните во него делуваат противоспалително, додека танините делуваат на тонусот на кожата и намалување на иритациите. Веројатно никој не може да остане рамнодушен на убавината на раскошните црвено-розови цветови и густите листови, кои се украс речиси во секоја градина. За многумина божурот е најубавото цвеќе.

Легенда

Кинезите биле првите кои ја увиделе лековитоста и значењето на божурите и кои ги ставиле во листата на задолжителни лековити растенија. Приказната за нивното ефикасно делување потоа се проширила во Јапонија, па преку Грција и Рим, низ цела Европа. Наводно, докторот Паеон со божурот му ги излекувал раните на богот Плутон, кого го ранил Хермес. Од тука и потекнува неговото латинско име Paeonia officinalis. Постои дури и легенда која вели дека божурот го добил своето име по докторот на боговите Паеон, кој единствен бил поштеден од умирање како останатите смртници, така што боговите го претвориле во цвет каков денес го знаеме. Инаку, често се вели дека божурот му ја открива својата убавина на оној кој го заслужува тоа.

На едно растение божур може да пораснат до 60 цветови, а оние најраскошните понекогаш растат и до 30 сантиметри во обем.

Фармаколошка лековитост на божурот

Фармаколошките својства на божурот, кои уште одамна ги откриле Кинезите, во прв ред им се припишуват на соединенијата антоцијани. Тие имаат многу необична хемиска структура, која не само што ја одредува бојата на божурот, туку се познати и по своето противоспалително делување на нашиот циркулаторен систем. Главен антоцијан е паенолот, кој докажано делува на хистаминот и леукотриените, воспалителни причинители кои учествуваат во бројни алергиски рекации. Синергиски со антоцијаните делуваат и соединенијата танини и флавоноиди. Токму овие соединенија му обезбедиле на божурот лековито делување кај проблеми со варењето, но и кашлици, воспалена слузница и помали повреди. Козметичката индустрија вопсоледниве неколку години на божурот му има подготвено вистинска ,,,ренесанса,, токму благодарение на лековитото делување на неговите состојки: покрај тоа што е откриено дека антоцијаните делуваат противоспалително на разни состојби на кожата, а танините на тонусот на кожата, па честопати ја смалуваат иритацијата и ризикот од повреди на кожата, заклучено е и дека божурот може да помогне при иритации на кожата. Па така, божурот се наоѓа во многу шампони за чувствителен скалп.

Божурот е препознатлив по својата долготрајна свежина и мирис. Затоа, можете од него да подготвите домашна бања, која ќе делува исклучително благотворно на вашата кожа, а уште повеќе на вашите сетила.

Коренот, пак од божур, ефикасен за лекување на грчеви и тоа епилептични и грчеви на мочниот меур, менструални грчеви, болести на нервите, невралгија, хистерија, болести на бубрезите, болести на црниот дроб односно жолтица, астма, хормонални тегоби кај жени за време на циклусот и за предизвикување менструација.

Во народната медицина некогаш светот и семето од божур се користеле за лекување грчеви на цревата и силна кашлица. Денес, цветот од божур се користи најчесто за подготовка на чаеви за инхалација кај астматичари и за лекување на силна кашлица.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина