Poznati_1

Звездите знаат колку детоксикацијата е важна за беспрекорниот изглед на црвениот тепих, а советите на познатите личности ќе ви помогнат да го ослободите телото од штетните материи.

Во оваа доба од годината, познатите личности редовно практикуваат некоја од многуте диети за детоксикација, бидејќи пред почетокот на летото сите сакаат да изгледаат совршено.

Некои од звездите се подготвени на различни експерименти. Пред неколку година, за време на посетата на еден австриски центар за детоксикација, филмската дива Деми Мур ја испроба терапијата со пијавици кои ја вшмукуваат крвта и така го ревитализираат телото.

Меган Фокс открила дека четириесет и осум часа пред нејзиното појавување на црвениот тепих пие исклучително јаболков оцет со малку воса. Додека Ен Хатавеј оброците ги заменува со коктели од лимонов сок, јаворов сируп и лута пиперка. Оваа чудна мешавина ја осмислил тренерот на славните Дејвид Крш, а меѓу неговите клиенти биле и Хајди Клум и Лив Тајлер. Сличен метод применила и Бијонсе, кога за потребите на улогата во филмот „Dreamgirls“ ослабнала речиси 10 килограми. Трикот се состои во тоа што  пиперката го забрзува метаболизмот, сокот од лимон ги обезбедува неопходните витамини, а јаворовиот сируп ја пружа потребната енергија и минерали.

poznati-2

Меѓутоа, не сите во Холивуд како Деми и Бијонсе, се подготвени да пробаат нешто ново. Поголемиот дел од звездите преферираат помалку радикален пристап кон детоксикацијата, кој подразбира консумирање на здрави намирници, пред се големи количини на овошје и зеленчук, најчесто во форма на свежо исцедени сокови. Гвинет Палтроу е меѓу најстрасните обожаватели на детоксикацијата и инсистира на тоа процесот да биде безбеден и ефикасен. За време на седмодневната диет, од исхраната ги отфрла сите млечни производи, кофеинот  преработките од месо, пие исклучиво коктел од цвекло, морков, јаболко и ѓумбир, за ручек јаде супа од брокула или сок од рукола, а за вечера нешто посно и богато со протеини, воглавно пилешко месо со салата. Резултатите се очигледни кај Гвинет, која,и покрај двете деца, изгледа одлично, кога и да го примени овој начин на исхрана.

Шејковите и соковите, односно течната храна, би требало да му ја олесни работата на вашиот систем за варење – објаснува глумицата , која неодамна ја извести јавноста дека ќе се разведе од сопругот Крис Мартин.

Доколку сакате да изгубите неколку килограми, а истовремено да го зголемите нивото на енергија, тоа можете да го постигнете со секојдневно спроведување на оваа програма за здрава исхрана.

Намирниците кои секако би требало да ги консумираме за време на детоксикацијата се – свежо овошје и сокови од зеленчук, свежа вода и незасладени овошни сокови, најмалку два литри вода дневно, билни чаеви, бел и зелен чај без теин, нискомаслен јогурт со пробиотици, интегрален ориз со риба, пилешко или мисиркино месо (во случај програмот за детоксикација да трае подолго од три дена).

Намирници кои треба да ги избегнуваме во текот на детоксикацијата се – брза храна и готови јадења, шеќер и сол, масти од животинско потекло и црвено месо, млечни производи, кофеински напитоци, кафе, чај, кока-кола, никотин и алкохол, производи од бело брашно, како леб и тестенини, бел ориз и компир. После три до седум дена на овој режим на исхрана, вашиот систем за варење ќе биде одморен, а телото ќе ги добие сите хранливи материи неопходни за неговото правилно функционирање. Воздржувањето од кофеинот, мастите и шеќерите може да биде напорно, а таквите рестрикции можат да предизвикаат главоболки, летаргија или раздразливост. Детоксикацијата започнете ја тогаш кога ќе имате најмногу слободно време бидејќи често ќе бидете поспани или малку деконцентрирани.