На секоја жена хигиената и е важна и, секако, многумина од нас не сакаат кога менструалниот циклус им претставува одредена пречка. Некои жени, кои имаат многу обврски, кои се растрчани натаму-наваму со обврските, кои се занимаваат со спорт, кои мора да бидат фит и спремни секој ден најчесто избираат тампони и тие им стануваат навика, а други сметаат дека тие се лоши за жените и дека секоја жена мора во тој чувствителен период ,,да ја смири малку топката,,.

Тампоните се изработени од впивачки материјал, кои се става во вагиналниот отвор за да ја упијат менструалната течност. Како и хигиенските влошки, така и тампоните доаѓаат во разни облици, големини, со и без мирис, памучни или непамучни, а од неодамна се имаат појавено и некои ,,целосно сигурни, органски,,.

Опасности од тампоните

Кога се работи за тампоните, наидуваме на многу стории за ризиците, но и на митови. Вистината е дека тие носат во себе опасност од токсичен шок т.н. ТШШ шок синдром, кој може да претставува сериозен проблем. ТШШ е ретка бактериска инфекција опасна по живот. Ги погаѓа 1 до 17 жени на 100.000 (кои користат тампони). Ризикот од ТШШ се зголемува доколку користите големи (супер плус) тампони и ако ги оставате предолго во вагината. Симптомите кои се појавуваат се: треска, повраќање, дијареја, вртоглавица, осип, исто како по предолго изложување на сонце. За да се минимизира ризикот, жените кои користат тампони треба секојдневно да ги мијат рацете пред ставање на тампон, да го менуваат на секои 4-6 часа и да користат помали тампони.

Постојат некои тврдења дека тампоните содржат високо ниво на азбест и диоксин, но Американската асоцијација за храна и лекови (ФДА), ги отфрли ваквите тврдења. Иако постојат ризици при користењето на тампоните, тие, според тврдењето на ФДА, не се поврзани со нивото на азбест. Сепак, за секој случај читајте ги налепниците и на тампоните и на влошките. Некои луѓе им веруваат на тврдењата на ФДА и сметаат дека компаниите кои произведуваат тампони навистина користат опасни количини од овие супстанции, бидејќи, како што велат, азбестот влијае на тоа да крварите повеќе, па затоа ќе мора да користите повеќе тампони. Сепак, тампоните навистина содржат две опасни супстанции – рајон (за впивање) и диоксин (избелувач). ,,Тампон индустријата,, верува дека на жените им е потребен ,,избелувач,, за да можат да гледаат на производот како на чист и сигурен, но проблемот е во тоа што тој диоксин ни малку не е безопасен. Потенцијално е канцероген и токсичен е и за имунитетот и за репродуктивниот систем.

 

Алтернативни решенија

Постојат и тампони со мирис, но со нив нема ништо да постигнете, туку само ќе ја влошите состојбата. Имено, некои жени имаат пријавено дека овие тампони им делуваат иритирачки. Најдобро е да користите женски хигиенски производи кои не содржат избелувачи и кои се изработени од памук. Дури и некои влошки содржат диоксин, но не се толку опасни колку што се тоа тампоните со диоксин, бидејќи овие се во директем контакт со вагиналниот отвор. Треба веднаш да се реагира за да се отстранат од пазарот овие влошки и тампони со диоксин.

Доколку сметате дека не можете да се откажете од тампоните, побарајте онакви кои се безопасни по вашето здравје. Од неодамна се зборува за органски тампони, кои се изработени од органски памук. Сепак, не постојат истражувања кои потврдиле дека овие тампони се посигурни за употреба од обичните.

И, за крај, што мислите вие? Дали се тампоните опасни за жените? Дали вие би се откажале од нив?

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина