5 причини зошто треба да започнете со медитација
Се повеќе има следбеници кои ја практицираат овој вид на духовна вежба. Иако изворно произлегла од источната мудрост, денес таа претставува вид на алат за помош со кој можеме да влијаеме или дури и да спречиме стресни ситуации на кои сме секојдневно изложени. Разните делотворни дејства од медитацијата се веќе на големо познати. Во продолжение погледнете зошто треба токму денес да започнете со медитација.
Кога стресот ќе го ,,нападне,, вашиот организам, тоа може да предизвика низа други непријатности, како што се: стомачни проблеми, нередовна столица, болни менструални циклуси или изостанување на истите, главоболка, артитмија и многу други. Затоа е неопходно да направите се што е во ваша моќ да се спречи или намали нивото на стрес. Еден од начиите за тоа да се направи е медитацијата. Бавното дишење може да го ублажи чувството на анкциозност, кое е една од главните причини за појавата на стрес.
Го забрзува метаболизмот
Стресот може да предизвика лажно чувство на глад, а како што веќе рековме, со медитацијата може да се намали нивото на стрес, а со самто тоа епизодите на напад на глад ќе се намалат. Иако треба да се има на ум дека сама по себе медитацијата нема да биде доволна за да се намалат килограмите, но со медитацијата може да се залажува гладта во миговите на лажен напад на глад. Медитацијата и правилната исхрана ќе ве донесат до посакуваните резултати.
Го забавува стареењето
Оние кои често медитираат, вежбаат јога и практикуваат други духовни вежби, изгледаат помладо. За нив времето како да застанало. Изгледаат посвежо отколку што биле неколу години порано. Можеби е чудно како некој може да се подмлади без хируршка интервенција, но медитацијата е одговорот за тоа.
Ја ублажува болката
Истражувањето покажало дека оние кои медитираат ги намалуваат болките за помалку од 44% откако почнале да медитираат. Истражувањето се однесувало и на физичката и на емоционалната болка подеднакво. Медитацијата не тера да имаме исправено држење, да дишеме длабоко, да го храниме организмот секојдневно со свеж кислород, а сето тоа делува поволно на телото и на психата.
Поубав сон
Ако имате проблеми со спиењето, често се будите во текот на ноќта, доцна легнувате или немирно спиете, медитацијата може да биде патот до решението на овие проблеми.