Природните лековити својства прополисот им ги должи на витамините, минералните соли, микро елементите и етеричните масла кои ги содржи во себе. Меѓутоа, флавоноидите имаат најсилни лековити својства.

Прополисот од дамнешни времиња се користи за лекување и превенција на многу болести:

Стомачни проблеми

Прополисот делува олеснително при проблеми со гастоинтестиналниот тракт. Спречува инфекциски заболувања и го подобрува варењето. Своето аналгетско делување го има покажано кај чиреви, гастритис и колитис.

Го забрзува регенерирањето на клетките и ги намалува болките. Го подобрува работењето на респираторниот систем, ги олеснува потешкотиите при воспалено грло, а помага и при болки на забите, воспалени непца и усна шуплина. Постојат докази за тоа дека прополисот со своите антимикробни својства ја спречува појавата на кариес.

Воздушни и рендгенски оштетувања

Прополисот е познат и како силно антирадијациско средство. Помага при закрепнување кај оние кои се изложени на зрачни и рендгенски влијанија. Се користи и како превентивна мерка против појавата на некои видови тумори (рак на дојка и др.) Докажано е дека ги ублажува болките при изгореници и ја штити кожата од воспаленија.

Кожни заболувања

Прополисот докажано делува и кај кожни заболувања. Им помага на оние кои патат од дерматитис, жуљеви и егзема. Истовремено ги ублажува болките при разни повреди на кожата и помага за брзо зараснување на раните. Се смета дека прополисот лекува стафилококни инфекции и габични заболувања.

Слаб имунитет

Прополисот има особено многу изразен антимикробен и антивирусен ефект. Благодарение на своите состојки, тој го стимулира приросниот имунитет и обезбедува максимална заштита на организмот во ризичните периоди. Ја зголемува хематопоезата и создавањето на антитела, а од друга страна го сопира создавањето на разни видови бактерии и вируси.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина