Истражувањата покажуваат дека јаболковиот оцет освен што го забрзува метаболизмот помага во губење на вишокот килограми, ефикасен и за лекување на желудочни киселини и проблеми со дигестијата. Тој е исто така ефикасен и кај настинки и лекување инфекции на грлото, па доколку патите од болки и инфицирано грло се препорачува да се испие една лажица јаболков оцет дневно. Покрај сето наведено, јаболковиот оцет исто така има неверојатно дејство во реулирањето на високиот крвен притисок и вишокот на шеќер во крвта.

Освен за здравјето, се користи у за убавина, па познато е неговото ефикасно дејство при белење на забите, поттикнувач на растот на косата, а многумина го користат и како здрава и природна замена за дезодорансите. Секое утро растворајте 2 – 3 лажици јаболков оцет во превриена вода и пијте ја на празен желудник. Ако не можете да го поднесувате вкусот, додадете една лажичка мед. Важно е само да не претерате со неговото консумирање, затоа што тоа може да има контра ефект.

 

Јаболковиот оцет е дел од алтернативната медицина и верувањето дека со масажа, односно триење на прстите на раката, може да се запре одредена телесна болка.

 

Јапонската древна медицина вели дека секој прст е поврзан со одреден орган во телото и дека на подобрување на неговата работа или отстранувањето на некои вообичаени здравствени болки, како што се главоболка и запек, може да се влијае преку одреден прст. Се што треба да се отстрани болката е да се трие одреден прст и многу брзо симптомите треба да се ублажат или да исчезнат. Доволни се само 60 секунди триење за да се почувствувате подобро.

 

Еве кој прст треба да се трие во поглед на тоа кој здравствен проблем ве измачува:

 

  • Палецот е поврзан со срцето и белите дробови. Масирајте го овој прст кога ќе почувствувате дека срцето ви чука пре(силно) или кога ќе се задишете и ќе останете без воздух.
  • Показалецот е поврзан со бубрезите и мочниот меур. Масирајте го овој прст кога имате проблем со запек или со пролив и во случај да имате проблеми со слезината и желудникот.
  • Средниот прст е поврзан со жолчното ќесе и со црниот дроб. Масирајте го овој прст кога ве измачува несоница, мигрена или кога ве фаќа мачнина при возење.
  • Домалиот прст е поврзан со дебелото црево. Масирајте го ако ве мачи главоболка, мигрена и вкочанетост или болка во вратот, како последица од слаба циркулација.
  • Малиот прст е поврзан со тенкото црево. Масирајте го ако чувствувате нервоза.

 

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина