Вашето тело е составено од 60% до 75% вода, а вие можете да преживеете без вода 3,4 дена. Водата исто така ги чисти отпадоците од вашето тело, но ако имате дефицит на вода тогаш вашето тело ќе ја рециклира нечистата вода, која не е добра работа.Овие се едноставни факти за водата што сите од нас ги знаат или барем слушнале за нив.Но има и некои шокантни факти за водата,што никој не ни ги раскажал.

 

Факти за водата

 

  1. Речиси половина од населението во светот не пие доволно вода и е хронично дехидрирано.Во САД повеќето луѓе не ги пијат препорачаните  2 литра дневно.
  2. Повеќето луѓе ја мешаат жедта со гладта, па  пиењето една чаша вода најчесто ја заменуваат со ужина.
  3. Дури и благата дехидрација ќе го успори вашиот метаболизам, ќе го потисне вашето расположение,ќе ви создаде главоболки и зголеми вашиот замор.
  4. Вашиот полноќен глад ќе ви се намали ,доколку пиете по една чаша вода.
  5. Во повеќето случаи вашиот дневен замор е предизвикан од недостаток на вода.
  6. Некои истражувања покажаа дека во 80% од случаите, може да ги намалите болките во грбот и зглобовите ако пиете 2- 2.5 литри вода на ден.
  7. Ризикот од проблеми со дебелото црево, рак на дојка и рак на мочниот меур, може да се намалат за 45% ако пиете 5 чаши вода дневно.

 

Сега ви го поставуваме прашањето,дали би сакале чаша вода?

 

Една лименка кока-кола има 140 калории и 39 грама шеќер.И само потсетете се дека тоа се 10 лажички шеќер во една лименка.Но ова сигурно го знаете , па ајде да ви кажеме уште неколку интересни факти:

1. Постои правило во неколку држави,каде што по сообраќајна незгода,крвта на патот се остранува со неколку шишиња кока-кола.

2. Можете да направите магија токму со неа.Ставете месо( кременадла) во сад со кока-кола и проверете го за неколку денови.Вие ќе бидете изненадени од тоа што ќе го видите,месото ќе исчезне.

3. Можете да го исчисите тоалетот со шише кока-кола, бидејќи лимонската киселина што ја содржи ќе ги отстрани сите видови на бигор.Само полијте ја вц школката со неа, и по еден час целиот бигор ќе исчезне.

4. Избришете ги хромираните браници од вашиот автомобил со истуткано парче алуминска фолија,  која претходно сте ја натопиле во кока- кола и ќе ја отсрани рѓата.

5. Можете да ја отстраните корозијата од акумулаторот на вашиот автомобил, само со истурање кока-кола врз него.

6. Со крпа натопена во кока-кола може да ја олабавите рѓосаната завртка за само неколку минути.

7. За да испечете совршено вкусно парче месо, потребно е да го завиткате во алуминиуска фолија и да го печете во тава полна со кока-кола.Триесетина минути пред крајот отстранете ја фолијата.На овој начин ќе добиете сочно месо со раскошен кафеав сос.

8. Ставете неколку капки кока-кола со детергент врз вашите валкани алишта и ставете ги во машина и дамките ќе исчезнат.

9.Фосфорната киселина е активната состојка во  кока-кола и толку е силна што штрафот потопен во неа, ќе се распадне за 4 дена. Таа има голем придонес во зголемувањето на остеопорозата, бидејќи го извлекува калциумот од коските.

10.Комерцијалните камиони кои го превезуваат сирупот за кока-кола, на местото  на кое треба да стои описот  на она што се превезува, стои картичка со натпис “ опасни материи”.

 

Сега ви го поставуваме прашањето- “Дали сеуште ќе пиете кока-кола”?!

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз