Во зависност од видот на тестото, количината кашкавал и сето она што се става на тестото, пицата може да варира меѓу нутритивно пристоен и катастрофален оброк.
Дури и здравите варијанти на пици имаат поголема количина сол од доматниот сос и кашкавалот, така што доколку водите сметка за количината на сол – требате да ја јадете пицата внимателно. Секако, голема количина има и големината на пицата, како и бројот на изедени парчиња.

Аргументите кои одат во полза на пицата е тоа што е извор на калциум од кашкавалот и на многу здравата состојка ликопен, која се наоѓа во доматите. Подлогата за пица е направена од интегрално брашно, некогаш и од пченично, и е многу поздрава од вообичаеното бело брашно, бидејќи интегралните житарки се извор на влакна и побавно се варат од рафинираните житарки.

Меѓутоа, она што го ставате на пицата значително влијае на нејзината нутритивна вредност. Колбаси и екстра кашкавал ја зголемуваат концентрацијата на заситени масти, сол и калории, додека пицата направена од потенко тесто и наросена со зеленчук има помалку калории, масти и сол. Смрзнатите пици можат да бидат соодветно решение за вечера, но и тие варираат кога се работи за хранливата вредност, поради што е важно внимателно да ги читате декларациите.

Кога се работи за децата и пицата, едно поскорешно истражување утврдило дека консумирањето пици кај децата и адолесцентите не е поврзано со зголемениот внос на калории, масти и сол. Меѓутоа, студијата утврдила дека пицата која се јаде во фаст фуд рестораните или која се купува како школска ,,ужина,, има најлош можен ефект кога се работи за внесувањето калории. Пицата која се јадела и која се подготвувала во училиштата не се разликувала различно по бројот на калориите во однос на другата храна во училиштето.

 

Ако уживате во пица и не можете без неа, обидете се да ја подготвувате сами во домашна варијанта и од здрави намирници, како што се интегрално брашно, кашкавал со помала масленост и доматен сос без сол. И, не заборавајте да ја прекриете со многу зеленчук, бидејќи колку пообоена, толку подобро.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина