Состојки:

 

  • гр. сушени домати(во масло)
  • 1 помала главица виолетов кромид
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • 1 лажичка листови темјан
  • 4 лажици масло
  • сол црн пипер
  • помали колбаси од тофу
  • по ½ жолта и црвена пиперка
  • 1 тиквичка
  • 4 шампињони

 

Подготовка:

 

За маринадата, најпрво ситно исецкајте ги доматите и лукот. Измешајте ги со зачинските растенија и маслото и зачинете со сол и црн пипер. Исечете ги напречно колбасите, а зеленчукот и печурките на парчиња. Сите набодете ги на чепкалки, ставете ги во маринадата, поклопете и оставете да се маринираат половина час. Печете ги на скара, вртејќи на 8 – 10 минути и капнувајте ги со маринадата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина