aktivnost_2

Процесот на слабеење не е секогаш ист за сите личности. Некогаш не е доволно само да ја намалите количината на храна, туку и да изберете физичка активност која ќе ви одговара. Експертите после обемни истражувања, направиле список од 7 активности кои сигурно ќе ви помогнат да ослабнете и да останете во форма.

Возење велосипед

Ова е нешто што веројатно веќе го знаете, но со возењето велосипед за еден час можете да изгубите и до 1.000 калории. За полесно да сфатите размислете на следниов начин : за да изгубите еден килограм сало потребно е да согорите околу 3600 калории. А доколку возите велосипед три пати неделно и не правите ништо друго освен тоа и водите сметка за начинот на исхрана, лесно можете да изгубите 1-2 килограми неделно.

Трчајте нагоре

Оваа вежба на два начина ви помага да согорите најмногу масти колку што е возможно за време на вежбањето. Интервалите се познати како одличен начин за брзо стартување на вашиот метаболизам без “жртвување” на мускулното ткиво, како кај другите кардио вежби. Трчањето нагоре ќе ви помогне да ја зголемите силата на телото, да имате поиздолжено тело, па дури и ќе ви помогне да го урамнотежите нивото на хормоните.

Скокање на јаже

Ова е една од најчестите кардио вежби кои ги практикуваат боксерите и тоа со причина. Кога некоја вежба е со овој интензитет, за само 15 минути можете да го добиете истиот ефект како да сте вежбале 45 минути. За да го извлечете максимумот од оваа вежба користете го следниов систем: 3 минути прескокнување па 1 минута одмор.

Веслање

Машините за веслање ќе им изгледаат чудно на луѓето кои не ги користеле претходно, па можете да ни верувате кога ќе кажеме дека ова е еден од најинтензивните тренинзи. Постојат различни нивоа на отпор, но и на најниското ниво, вашиот тренинг ќе трае само 10 минути.

Чучњеви

Сигурно сте виделе дека бодибилдерите многу често прават чучњеви, додуша со тежини на грбот, многу луѓе не се ни свесни за тоа колку тешки се чучњевите и без тоа. Во вашите нозе се наоѓаат најголемите мускулни групи во телото, што значи дека кога одеднаш ги активирате сите, го забрзувате целиот свој метаболизам.

Штица

Умеете да направите склек? Е сега обидете се да застанете во позиција за склек и да останете во нејзе некое време. На прв поглед изгледа лесно, но оваа вежба ги активира мускулите по должината на целото тело и е толку ефикасна што со нејзе ќе ги зајакнете мускулите од главата до петиците.

Т pushup

Оваа вежба е комбинација од склекови и јога движења. Таа треба да се изведува на тој начин што во еднакви интервали треба да бидете потпрени на секоја рака. Оваа вежба ќе биде вистински тест за издржливост на целото тело.

Забелешка: Овие вежби се сите одлични сами по себе, но тие, исто така, треба да се комбинираат со други вежби. Па така, започнете со вежбање со склекови и push-up вежби, а потоа додадете и трчање и прескокнување јаже и на одличен пат сте до намалување на телесната тежина.