Пливањето е најздравата рекреација . Ги зајакнува и затегнува мускулите, ослободува од напнатоста и акумилираниот стрес и заштитува од болести, а повреди при овој спорт речиси и да нема.

 

Пливањето е најдобриот начин да се разладите за време на летните горештини , па експертите препорачуваат повеке време да посветите на пливањето, отколку на сончањето. Пливањето рамномерно ги ангажира сите мускули, ги затегнува и опушта.

 

Водата создава повеке отпор од воздухот, па морате да се трудите дванаесет пати повеќе отколку кога вежбате на суво. Така ја зајакнувате мускулатурата, но исто така и ефикасно се ослободувате од стресот и ја ублажувате напнатоста и акумулираниот стрес.

 

Рекреацијата во вода го зајакнува имунитетот, го забавува процесот на стареење на кожата и топи калории, а посебно им се препорачува на личностите со вишок килограми, бидејки помага килограмите побрзо да се елиминираат.

 

Жените кои пливаат пет пати неделно, за 20 проценти го намалуваат ризикот од добивање на рак на дојка, според една статија спроведена во САД. Додека се движите во вода, истовремено користејќи ги и рацете и нозете, се зголемува капацитетот на белите дробови, се зајакнува срцевиот мускул, се стабилизира крвниот притисок и се подобрува снабдувањето со кислород.

 

Активностите во вода особено им се препорачуваат на луѓето кој имаат проблеми со зглобовите, бидејки не постојат оптоварувања кога се вежба на овој начин, тие стануваат се повеќе мобилни, а тоа е особено добро за колената и колковите.

 

Пливањето им се препорачува на сите, и тоа од првите денови на животот па се до поодмината возраст, како кај жените, така и кај мажите. Идеално е за рехабилитација по спортски повреди или истегнувања. Водата посебно ги релаксира мускулите на грбот, кои се секогаш напнати додека седиме или пешачиме. Водата е вистински лек за луѓето кои најчесто седат, а кои и почесто страдаат од срцеви болести и кои имаат вишок килограми. Ако редовно се рекреираат на овој начин, можат да ја подобрат работата на срцевиот мускул, да ја забрзаат циркулацијата на крвта и да го подобрат своето целокупно здравје.

 

Колку почесто пливате, резулататите се и подобри, а за да го забележите напредокот, би требало да пливате најмалку 10 минути без прекин. Ако пливате три пати неделно по 30 минути или два пати по 60 минути, ќе забележите и дека мукулите се затегнуваат, особено стомакот и рамената. Сепак најважно е да знаете која техника најмногу ви одговара.

 

-Ако имате проблем со вашиот рбет, најдобро би било да пливате грбно, бидејќи на овој начин го зајакнувате грбот, рацете и нозете. Доволно е да пливате 10 минути, а потоа да направите пауза.

 

-Краулот е брз и бара голема енергија, но е најефикасен за топење калории , бидејќи ги активира сите мускулни групи, а особено оние на стомакот. Грбниот краул е идеален ако сакате да се ослободите од целулитот на нозете и задникот, а се препорачува и кај проблеми со вратот и долниот дел од грбот.

 

-Делфинот (пеперутката) е технички најтежок за изведување и поради тоа бара најмногу напор, но е и многу атрактивен . Успешно може да го изведат оние кои имаат силни раменици , грб и мускули на нозете.

 

-Градниот стил е побавен и посебно им одговара на жените. Меѓутоа ако имате проблем со вашиот рбет, избегнувајте го овој вид на пливање, бидејќи премногу го истегнува вратниот дел на рбетот.

 

После напорното пливање, најубаво ќе се релаксирате со лежење во вода.

 

Пераи за совршени нозе

 

plivanje_2

Пливањето со пераи, велат експертите, совршено ги затегнува мускулите на нозете. За вистински ефект потребно е секојдневно, најмалку по 15 минути, да пливате во слободен и грбен стил, а најдобар ефеткт се постигнува со енергично пливање во траење од половина минута. Потоа направете исто толкава пауза, па продолжете.Овој вид на рекреација ги ангажира сите мускули и троши повеќе калории, дури 450 калории за 30 минути.Тренингот започнете го така што ќе седнете на дното во плитка вода и ќе започнете да мрдате со нозете во пераи, два пати по 10 минути, со кратка пауза од две минути.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.