Сезоната на алергии многумина ги приморува да користат капки за опуштање на носот, бидејќи антихистаминиците не постигнуваат целосен ефект со терапијата. Стручњаците предупредуваат дека овој начин на олеснување на дишењето е погрешен избор на лек, затоа што долготрајната употреба на капки за нос создава зависност.

 

Капките за нос доста често се припишуваат во терапијата кај настинките, воспаление на слузницата на носот и синусите или по повреди на носот. Нивниот ефект е брз и пациентот речиси веднаш чувствува олеснување во вид на подобрување на дишењето на носот и престанувае на течење на секрет од носот. Но, овие капки не смеат да се користат подолго од пет дена, а најдолго седум дена во пропишаната доза. Причината за тоа е т.н. rebound ефект, односно медикаментозен ринитис, кој подразбира дека сте станале ,,зависни,, од овие капки по долготрајна нивна употреба, односно буквално не можете да дишете на нос без нивна употреба.

 

Рецепторите во слузницата на носот со тек на време стануваат се помалку чувствителни на активните супстанции во капките за нос. Затоа на пациентите им е потребна нивна почеста употреба, за да постигнат ефект на добро дишење на нос. Долготрајната употреба може да доведе и до оштетување на слузницата, како и до крварење.

 

За да се спречи зависноста од капките за нос, не треба да се користат подолго од 7 дена. Ако постои сомневање дека веќе е развиена зависност, треба постепено да се намалува дозата, потоа да се користат капки за деца наместо за возрасни, а потоа целосно треба да се исклучат по некое време. Наместо капки, треба да се користат раствори на база на морска вода.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина